КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
tart-so-fstaci

Флодни - колач со лешник, афион и јаболка

Флодни - колач со лешник, афион и јаболка за сите оние кои поминуваат долго време низ кујната под слоганот „Сакам да готвам со вино, а понекогаш и го додавам во храната“ - имаме добра вест дека може да се додаде и вино во торта.

Потребни состојки за фил 1:

  • 120 г шеќер од шеќерна трска
  • 100 мл бело вино
  • 250 г dmBio мелен лешник

Сварете ги виното и шеќерот за да испари алкохолот. Додадете ги лешниците и варете додека не испари вишокот течност.

Потребни состојки за фил 2:

  • 120 мл бело вино
  • 120 шеќер од шеќерна трска
  • 2-3 лажици мед
  • 250 г мелен мак
  • рендана кора од портокал

Сварете ги виното и шеќерот. Кога шеќерот ќе се растопи, додадете мед и мак. Гответе додека не испари вишокот течност. На крајот додадете ја кората од портокал.

Потребни состојки за фил 3:

  • 6-7 рендани јаболки
  • 100 г шеќер од шеќерна трска
  • 1 лажица dmBio гриз од крупник
  • 1 лажичка dmBio цимет

Сварете ги јаболката и шеќерот додека не омекнат и испари вишокот течност. На крајот додадете гриз и цимет.

Потребни состојки за фил 4:

  • 2/3 dmBio намаз од шумско овошје

Кора:

  • 250 г путер
  • 500 г брашно
  • 100 г шеќер во прав
  • 2 жолчки
  • 1 јаце
  • 120 г бело вино

Исечете го путерот на коцки и малку изладете го во ладилник. Измешајте го со брашно и шеќер во прав. Додадете 2 жолчки, 1 јајце, 120 мл вино - па замесете го тестото. Поделете го тестото на 5 дела и покријте го со фолија додека не го подготвите за употреба.

Редење и печење:

  • 1 мало јајце

Можете да користите кружен калап или коцкаст. За тркалезна користете калап со дијаметар од 26 цм. Расукајте ја секоја од 5-те кори. На првата оди филот со лешник, на втората фил со афион, на третата фил од јаболка и на четвртата џем. Петтата кора премачкајте ја со едно изматено јајце. Загрејте ја рерната на 190 степени и штом ќе ја ставите тортата намалете ја на 170 степени. Печете на 170 степени околу 60 минути и исечете ја само кога ќе се излади. Можеби и следниот ден, кога целосно ќе се излади.

  1. dmBio намаз од шумско овошје, 340 г

    dmBio

  2. гриз од крупник, 500 г

    dmBio

  3. dmBio лешници, 200 г

    dmBio

  4. dmBio мелен цимет, 50 г

    dmBio

Крај на листата