
Тарт со ф'стаци - без готвење или печење
Не мора да бидете мајстори во кујната за да подготвите вечера или домашен десерт за саканата личност. Овој тарт е навистина многу лесен за правење.
Погледнете во продолжение како да го подготвите.
Потребни состојки за кората:
- 75 г dmBio овесни снегулки
- 30 г кокосово брашно
- 45 мл јаворов сируп
- 30 мл dmBio кокосово масло (стопено)
Подготовка:
Обложете ја тавата за тарт со дијаметар од 16-17 cm со хартија за печење (или сад со големина 10x18 cm, ако сакате да исечете коцки или стапчиња). Измешајте ги сите состојки за кората и ставете го „тестото“ врз хартијата за печење. Притиснете за да направите рамна, тенка кора. Оставете го да отстои во фрижидер додека го подготвувате филот.
Потребни состојки за филот:
- 100 г ф'стаци (без лушпа)
- 50 мл јаворов сируп
- малку сол
Подготовка:
Ф'стаците се веќе солени, па затоа е неопходно да се додаде многу малку сол. Ф'стаците сомелете ги прво, потоа додадете го јаворовиот сируп и сомелете уште малку. Сомелете колку да се соединат состојките, но не и да направите путер од јаткасти плодови. Над кората распоредете го филот од ф'стаци, исто така што е можно порамномерно.
Потребни состојки за прелив:
- 50 г dmBio чоколадо
- 55 мл dmBio напиток од бадем
Подготовка
Загрејте го (во микробранова печка) напитокот од бадем додека не зоврие и прелијте го врз сечканото чоколадо. Оставете да отстои 1 минута, па изматете убаво да се соединат напитокот и чоколадото. Прелијте го филот од ф'стаци и вратете го во фрижидер да се стегне десертот. Може да се чува во фрижидер неколку дена, па и цела недела ☺️