КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
Tart so borovinki

Сиров тарт со боровинки

Виолетова боја се поврзува со рамнотежата на умот и телото. Се смета дека претставува спокојство и смиреност, како и решителност и ментална рамнотежа. Некои од најсилните антиоксиданси во светот се виолетовите: боровинки, аронија, капини, сливи и грозје. Виолетовата боја е и боја на поегзотични намирници, како што се: синиот модар патлиџан - вообичаен и јапонски. Некои видови аспарагус, моркови, келераба и брокула се исто така виолетови. Па дури и со обичниот зеленчук дава поволшебна нота - само да се потсетиме на т.н. црвена зелка и црвен кромид - кои се всушност виолетови.

Потреби состојки за подлогата:

  • 100 г суви смокви
  • 110 г бадем
  • прстофат сол

Потребни состојки за филот:

  • 300 г dmBio индиски ореви
  • 1 зрела банана
  • 55 г dmBio кокосово масло
  • 100 мл јаворов сируп
  • 60 мл dmBio напиток од бадем
  • eкстракт од ванила
  • 100 г боровинки

За украсување: боровинки, смокви, индиски ореви и нане или мајчина душица

Подготовка:

Дното на квадратна тава за тарт од 11 x 33 cm (или тркалезна тава со дијаметар од 18-19 cm) обложете ја со хартија за печење. Сите состојки за кората се ставаат во блендер и се мелат додека не се добие текстура како тесто. Смоквите се малку посуви од урмите, па треба подолго да се мелат, додека не станат лепливи. Наредете ја основата на дното на калапот.

За филот, сите состојки освен боровинките ставете ги во блендер и убаво исечкајте ги. По потреба додадете уште малку бадемово млеко. Врз основата намачкајте околу половина од  филот и ставете го калапот во ладилник  малку да се стегне. На останатиот дел додајте боровинки и направете втор слој од филот - кој треба да го премачкате врз првиот. Чувајте го филот од боровинки на собна температура додека првиот слој од филот е во ладилник и се стега - на овој начин белите и виолетовите слоеви нема да се мешаат потоа. Додека филот е свеж украсете со боровинки, т.е. притиснете ги - потоа оставете го десертот во ладилник целосно да се излади пред да го послужите.

  1. кокосово масло, 620 мл

    dmBio

    кокосово масло, 620 мл

  2. напиток од бадем, 1 л

    dmBio

    напиток од бадем, 1 л

  3. индиски ореви, 150 г

    dmBio

    индиски ореви, 150 г

Крај на листата