
СУТЛИЈАШ СО ПУДИНГ ОД ВАНИЛА И ЏЕМ ОД ЈАГОДИ
Потребни состојки за сутлијаш:
- 150 г ориз за сутлијаш
- 85 г dmBio шеќер од шеќерна трска
- 850 мл алпско млеко
- Зрна од ванила (по желба)
Потребни состојки зa крем од ванила:
- 2 dmBio пудинзи од ванила
- 450 мл алпско млеко
- 2-3 лажици dmBio шеќер од шеќерна трска (по желба)
Останати состојки:
- Околу 120 г dmBio џем од јагоди
- dmBio индиски ореви
Подготовка
Ставете ги во сад за готвење сите потребни состојки за сутлијашот: ориз, шеќер и ванила. Варете со мешање додека оризот потполно не омекне. Започнете со висока температура и намалувајте ја, додека оризот омекнува, a млекото се редуцира. Кога сутлијашот ќе биде речиси готов, направете го и пудингот. Треба да биде погуст отколку што пишува на упатството на кесичката, значи 2 кесички пудинг подгответе со 450 мл млеко.
Џемот од јагоди измешајте го во чинија, па ставете го во готварски шприц кој има додаток со остар врв.
Пудингот може да го сервирате во поголема чинија или во чашки, како на нашата слика – во зависност од тоа како сте расположени и дали сакате мали или големи сервирања.
- Половина од сварениот ориз оди на дното на проѕирната чинија за сервирање – или се разделува во повеќе чинии.
- Врз него се ставаат точки од џемот на краевите од чинијата.
- Потоа го ставате/распределувате целиот пудинг (крем). И повторно ставате точки од џемот.
- Остатокот од сутлијашот распоредувајте го малку по малку и внимателно, како сѐ би останало на свое место. Не притискајте, за сутлијашот да не пропадне во пудингот.
- Премачкајте со џемот од јагоди и украсете со сецкани индиски ореви.
Оставете да се излади убаво и може да послужите.