КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
ЛИНГВИНИ СО ПЕСТО ОД ИНДИСКИ ОРЕВИ И АВОКАДО

СОЛЕН ТАРТ СО ЦВЕКЛО, КАРАМЕЛИЗИРАН КРОМИД И КОЗЈО СИРЕЊЕ

Комбинацијата на козјо сирење, ореви и цвекло секако спаѓа во оние постандардните и поомилените. Овој пат, во игра влегува и карамелизиран кромид. Причината е јасна: Нема поедноставен начин едно јадење да го направите поспектакуларно.

Потребни состојки за карамелизиран кромид:

- 500 г исечкан кромид
- 30 мл маслиново масло
- 20 г путер
- 1-2 лажици dmBio кафеав шеќер од шеќерна трска
- Сол и бибер
- 2-3 лажици балсамико прелив

Подготовка:

Кромидот пржете го со останатите состојки околу 45 минути. Балсамико се додава при крај. Не е потребно кромидот да добие кафена боја, туку само да омекне.

Потребни состојки за кората:

- 125 г путер
-  250 г брашно тип 550
-  1 поголемо јајце

Подготовка:

Ладниот путер исечкајте го на коцки. Измешајте го брашното и путерот, можете и со прсти – а потоа додадете го јајцето, па направете кора со раце. Развлечете ја со оклагија на хартија за печење, за да добиете убав круг – а потоа ставете ја во округол калап за печење (22 цм). Обликувајте ја кората за тартот со малку повисоки страни. Обликуваното тесто оставете го поклопено со фолија неколку часа или една вечер во фрижидер. Вака ќе бидете сигурни дека краевите од тестото нема да се растурат при печење.

Кога тестото ќе биде добро изладено, загрејте ја рерната на 200 степени. Ставете уште една хартија за печење одозгора и посипете со грав или ориз. Ставете во рерна и намалете ја на 190 степени – печете околу 15 минути. Извадете ја кората од рерна. Тргнете го гравот или оризот, па вратете ја кората да се допече уште 5 минути. Потоа, ставете го филот и печете до крај...Што е објаснето подоле....

Потребни состојки за филот:

- 1 тегла dmBio цвекло
-  Карамелизиран кромид
-  3 јајца
- 150 г козјо сирење
- 120 мл dmBio крем за готвење со овес
-  Рузмарин
-  Бибер
-  Една рака крупно сецкани ореви
-  Балсамико прелив

Подготовка:

Исцедете го убаво цвеклото и исечкајте го. Изматете ги јајцата со козјото сирење и кремата за готвење, ставете сол и бибер и зачинете (со dmBio солта со зачини, бибер и рузмарин). Калапот со полупечената кора извадете го од рерна, премачкајте го дното со карамелизираниот кромид – па ставете го цвеклото, така што ќе го покрие дното. Одозгора ставете ја кремата изматена со јајца.

Печете околу 20 минути додека кремата малку не се зацврсти – па посипете со крупно сецканите ореви. Допечете уште околу 30 минути. Извадете го тартот од рерна и оставете да се олади пред да го исечете. Пријатно јадење!

  1. dmBio кафеав шеќер од шеќерна трска, 500 г

    dmBio

    кафеав шеќер од шеќерна трска, 500 г

  2. dmBio цвекло во тегла, 340 г

    dmBio

    цвекло во тегла, 340 г

  3. dmBio сол со зачини, 200 г

    dmBio

    сол со зачини, 200 г

  4. dmBio крем за готвење со овес, 200 мл

    dmBio

    крем за готвење со овес, 200 мл

Крај на листата