
Полнети смокви во чоколадо
Идејата за полнење на големи сушени плодови, како смокви и урми, со мешавина од други сушени плодови и јаткасти плодови - е една од најдобрите за брз и лесен десерт. Секако, пробајте и со различни вкусови. Сувото грозје во рецептот можете да го замените со урми, но и со сливи. Путерот од бадеми може да се замени со сусам, кикиритки или кој било друг путер од јаткасти плодови.
Потребни состојки:
- 200 г суво грозје
- 70 г путер од бадеми
- 18 суви смокви
- 80 г dmBo темно чоколадо
- за сервирање: dmBio сируп од урми
Ставете ги сувото грозје и путерот од бадеми во блендер. Блендирајте додека смесата нѐ се изедначи. Префрлете ја смесата на послужавник. Со мало ноже или ножици исечете ги смоквите во центарот, па со прстите внимателно проширете го отворот, за да добиете „џеб“. Наполнете го отворот со што повеќе фил. Формирајте топчиња со раце. Чоколадото растопете го во сад, потоа секое топче покријте го со чоколадо. Секое топче исцедете и наредете го во чинија обложена со фолија. Добро изладете ги и дури потоа послужете ги. Пред сервирање, по желба - секое топче посипете го со малку сируп од урми.