КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
Слатки равиоли

Слатки равиоли

Потребни состојки за тестото:

  • 270 г брашно тип 550
  • 15 г dmBio какао
  • 3 јајца, големина S

Потребни состојки за филот:

  • dmBio намаз од кокос со какао
  • dmBio кајсии без семки

Потребни состојки за сосот:

  • 1 лажица dmBio кокосово масло
  • 3 лажици путер од бадем
  • dmBio сируп од агаве
  • dmBio ванилин шеќер
  • dmBio кокосово млеко во конзерва

Подготовка

Прво подгответе го тестото така што ќе ги соедините сите состојки. Доколку имате миксер кој може да замеси тврдо тесто, употребете го него. Тестото замотајте го во проѕирна фолија и оставете го да отстои 20-30 минути, после што ќе биде подготвено за употреба. Доколку користите машина за тестенини и калап за равиоли, ќе имате доволно тесто за 36 равиоли (3х12). Во случај да користите оклагија или чаша, или ротирачки секач за тесто/пица, зависи колку парчиња ќе ви излезат од тоа колку ќе го растегнете тестото и колкави ќе бидат равиолите.

Од истите причини, не може да се наведат точните количини од намазот и кајсиите за филот. За количината од околу 36 равиоли, ќе ви бидат потребни 2/3 од пакувањето од намазот и половина кесичка кајсии (околу 100 г).

Што се однесува на сосот, иако делува едноставен – претставува неверојатно ремек дело на вкусови. Четирите производи кога ќе ги ставите во еден сад за готвење, ќе добиете кремасто чудо. Прво стопете го кокосовото масло на ниска температура, па додадете го путерот од бадем. Кога малку ќе се стопи, додадете ја ванилата и засладувачот, по вкус. На крај додадете го кокосовото млеко, исто така по вкус и постојано мешајте. Сосот може да биде и погуст и поредок – онаков како што вие го сакате.

Може да сервирате со црвен бибер или пак со некое овошје.

  1. dmBio какао, 125 г

    dmBio

    какао, 125 г

  2. dmBio намаз од кокос со какао, 200 г

    dmBio

    намаз од кокос со какао, 200 г

  3. dmBio кајсии без семки, 200 г

    dmBio

    кајсии без семки, 200 г

  4. dmBio кокосово масло, 300 мл

    dmBio

    кокосово масло, 300 мл

  5. dmBio кокосово млеко 400 мл

    dmBio

    кокосово млеко 400 мл

  6. dmBio ванилин шеќер, 4х8 г

    dmBio

    ванилин шеќер, 4х8 г

  7. dmBio сируп од агаве, 250 мл

    dmBio

    сируп од агаве, 250 мл

Крај на листата