
СЛАДОК РОЛАТ ОД ПАЛЕНТА, МАЛИНИ И ЦРВЕН БИБЕР
Потребни состојки:
- 200 г брашно тип 550 + уште малку за развлекување на тестото
- 100 г dmBio палента
- 2/3 прашок за печиво
- Прстофат сол
- 140 мл густо кокосово dmBio млеко од конзерва
- 30 мл dmBio агаве сируп
- 30 мл кокосов сируп
- 1 лажица сомелен црвен бибер (не мора многу ситно, затоа што е мек)
- 1 рамна лажица dmBio ванилин шеќер
- 1 лажица ситно изрендана кора од портокал
- 70-80 г малини
- 2 рамни лажици кокосов шеќер
Подготовка:
Вклучете ја рерната на 180 степени. Во сад измешајте го брашното, палентата, прашокот за печиво и солта – па ставете кокосово млеко, агаве сируп и кокосов сируп. Измешајте со вилушка додека состојките малку не се соединат, а потоа тестото замесете го со рака.
Ќе добиете меко и изедначено тесто кое лесно се развлекува со оклагија меѓу два листа хартија за печење. Секако, ставете му на тестото малку брашно пред да го развиете со оклагија. Ние направивме правоаголник со димензии 32 х 18 цм.
Прво стиснете ги со рака малините и распоредете ги на тестото, па изрендајте кора од портокал, ставете кокосов шеќер и на крај ставете ја ванилата и сомелениот црвен бибер.
Кога ќе ги ставите состојките за филот, замотајте убав округол ролат. Сега со остар и тенок нож исечете 8 парчиња и ставете ги во сад за печење покриен со хартија за печење.
Печете околу половина час, но најдобро е да следите кога ролатот ќе порумени. Послужете го изладен или на собна температура, прелиен со малку кокосов сируп и украсете со останатиот црвен бибер.