
Сладок компир со зачинета леблебија
Потребни состојки:
- 4 средно големи слатки компири
- 3 лажици dmBio маслиново масло
- Сол и бибер
- 1 тегла dmBio леблебија
- Мала лажичка кумин
- ½ лажичка црвен пипер
- Чили во прав
- Аспарагус
- Млада рукола
- 2 полни лажици dmBio путер од сусам
- 2 лажици вода
- 2 лажици dmBio јаболков оцет
- 2 лажички мед
Подготовка
Загрејте ја рерната на 180 степени. Слаткиот компир измијте го и избоцкајте ја кората со вилушка. Ставете го во тава покриена со хартија за печење и печете го околу 50 минути. Готов е кога ќе го боцнете компирот со чепкалка за заби која без проблем ќе помине низ него.
Додека се пече компирот, зачинете ја леблебијата и направете дресинг.
Леблебија
Потребно е прво да ја исцедите и да ја натапкате со убрус, како би се елиминирале вишокот на течности. Зачинете ја со кумин, бибер, црвен пипер и чили. Добро промешајте и оставете да се маринира додека компирот не е готов. Пробајте дали е доволно зачинета, бидејќи компирот нема потреба да го насолувате.
Дресинг
Измешајте го путерот од сусам со мед, јаболков оцет и вода. Дресингот треба да биде доволно густ за да остане на јадењето, но и доволно редок за да може лесно со лажица да ставите врз јадењето.
Аспарагус
За аспарагусот е доволно само да го остстраните тврдиот дел од дршката, да му ставите бибер и малку маслиново масло.
Кога ќе го извадите компирот од рерна, ставете го во чинија, а во истата тава, на едната половина ставете ги леблебиите и печете ги околу 10 минути. Потоа, додадете го аспарагусот на другата половина од тавата – па заедно сè печете уште околу 10 минути.
Кога сите овие состојки ќе бидат спремни, склопете го јадењето. Прво исечете го компирот на пола, но не до крај и отворете го ,,како книга’’. Прелијте го со една лажица дресинг. Ставете ја во средина руколата, аспарагусот и леблебијата. Прелијте со остатокот од дресингот и сервирајте додека е уште топло.
Бонус совет: Доколку ви се грицка нешто здраво и вкуснo додека гледате филм – направете ги само леблебиите од овој рецепт и ќе имате совршени грицки!