
Сконси со пармезан, песто и пињоли
Печиво кое се подготвува за брзо време и може да го комбинирате со вкусните намази на dmBio!
Потребни состојки:
- 250 г брашно од спелта
- 2 лажички dmBio прашок за печиво (пола кесичка)
- ½ лажичка сол
- 50 г путер
- 50 г рендан пармезан
- 2 лажици dmBio песто со босилек
- 100 мл млеко
- 1 поголемо јајце
- 1 жолчка
- 50 г пињоли (замена – суво пропржени семки од сончоглед)
- за сервирање: dmBio намази со различни вкусови
Подготовка
Путерот, малку порано исечкајте го на коцкички, па вратете го во фрижидер. Кога ќе започнете со подготовка на сконсите, вклучете ја рерната на 180 степени. Измешајте го брашното со солта и прашокот за печиво – а потоа и ладните коцкички путер – со прстите, или во сецко.
Потоа, додадете пармезан и песто, па измешајте со силиконска шпатула. Во случај да користите рачен миксер, матењето нека биде многу кратко.
Следен чекор е малку да го изматите јајцето, па со млекото додадете го во брашното – а истовремено додадете и 40 г пињоли (преостанатиот дел е за украсување). Замесете го тестото прво со силиконска шпатула, а потоа на рамна површина со раце. Би требало да добиете релативно меко тесто кое не се лепи. Доколку претерате со месење или путерот се растопи, тестото ќе биде премногу меко, па оставете го во фрижидер некоја минута.
Развијте го тестото на набрашнета површина, да биде дебело околу 2 цм и исечете со округол секач кругови со пречник околу 7-8 цм. Останатиот дел од тестото повторното измесете го и исечете го – додека не го потрошите цело тесто. Ние добивме 7 сконси со пречник од 8 цм. Наредете ги во тава за печење обложена со хартија за печење. Премачкајте ги со жолчка и ставете ги преостанатите пињоли. Печете во загреана рерна околу 20 минути. Послужете ги топли. Доколку ви останат за следниот ден, замотајте ги во проѕирна фолија за да ја задржат свежината.




