Швајцарски леб со сушено овошје

Швајцарски леб со сушено овошје, oвој традиционален швајцарски специјалитет најчесто се подготвува за време на зимата. Готовиот Bündner Birnbrot се посипува со шеќер во прав пред да се послужи, иако не е невообичаено да се служи со путер или сирења. Може да биде и десерт или закуска со кафе и чај.
Потребни состојки за тестото:
- ½ свеж квасец
- 3 лажици шеќер
- 180 г млеко
- 500 г брашно тип 550
- 80 г стопен путер
- 100 г неутрална павлака
Растворете го квасецот во млако млеко и додадете шеќер. Оставете малку да нарасне, потоа соединете ги сите состојки и месете додека добиете фино тесто што не се лепи. Се става во сад подмачкан со масло и се покрива со проѕирна фолија. Оставете да стаса додека нe нарасне (околу 60 до 90 минути).
Потребни состојки за филот:
- 200 г dmBio суви кајсии
- 200 г dmBio суви сливи
- 400 г dmBio суво грозје
- 200 г dmBio лешник
- 200 г бадеми
- рендана кора од портокал
- 1 лажица dmBio цимет
- мелен ѓумбир
- ½ тегла dmBio пире од јаболки и кајсии
- 1 жолчка за премачкување
Додека нарасне тестото, подгответе го филот... Сите сушени плодови и јаткастите плодови ситно исечкајте ги. Зачинете и прелијте со пирето од јаболка да се натопи малку овошјето.
Кога тестото ќе нарасне, поделете го на половина. Замесете една половина со овошје. Целта е тестото целосно да се „растопи“ со сувото овошје.
Потоа оваа смеса треба да „одмори“ 30 минути, по што се формираат 2 леба со фолија или хартија за печење.
И преостанатото тесто се дели на 2 дела, се расукува со сукало и се завиткува околу „овошниот фил“. Жолчките изматете ги со малку вода и премачкајте ги векните.
Се печат на 180 степени околу 50-60 минути. Доколку е потребно, заштитете го со фолија за време на печењето. Откако ќе се изладат на собна температура, лебовите се завиткуваат цврсто во најлонска фолија и се ставаат во фрижидер. Се сервираат следниот ден, најчесто исечени на тенки парчиња - со путер или сирење.
Вака завиткан Birnbrot може да се чува во замрзнувач неколку месеци.




