Салата со крупник, леќа и зеленчук

Потребни состојки (за четворица):
-200 г крупник
-150 г белуга леќа
-1 dmBio коцка за супа
-120 г dmBio димено тофу
-1 врзоп свеж магдонос
-По ½ пиперка во 3 бои (или само 1 голема црвена)
-Малку dmBio маслиново масло
-Сол и бибер
-Малку чили по желба
Подготовка:
Измерете ги леќата и крупникот, па одвоено измијте ги. Ставете ги во посебни садови за готвење, во кои ќе ставите 3 пати повеќе вода. Во секој сад ставете по половина коцка за супа. Кога водата ќе зоврие, крупникот варете го уште 15 минути на средна температура и оставете го во врела вода уште 15 минути, со исклучена рингла. На крупникот му е потребно многу малку време да се свари, за разлика од тврдата пченица – па немојте да го заборавите на рингла!
Што се однесува до леќата, внимавајте да не се распадне на премногу јака температура. Кога водата ќе зоврие, намалете ја температурата и кога ќе видите дека ќе омекне, после околу 15 минути, само исклучете ја ринглата и пробајте ја уште неколку пати. Оставете ги состојките да се изладат. Не заборавајте – добрата работа кај леќата и крупникот е што, како и интегралниот ориз, можат незачинети да стојат во фрижидер во затворен сад, неколку дена. Значи, секогаш можете да сварите поголема количина и да ја искористите за други јадења.
Исечкајте ги пиперките на ситни коцкички и одвојте ги во една чинија. Исечкајте го магдоносот, па и него одвојте го. Потоа на крајот исечкајте го тофуто на помали коцки.
На дното на секоја тегличка или сад, ставете малку маслиново масло, сол и бибер (и чили доколку сакате). Дресингот секогаш се става на дното на садот, како не би се измешал со другите состојки – вака салатата останува свежа во текот на целиот ден.
Сега распоредете ги состојките во 4 теглички или сада: прво крупникот, па леќата, потоа зеленчукот и тофуто. На тофуто ставете зачин со билки. Поклопете ги салатите и ставете ги во фрижидер до консумирањето, кое не мора да биде веднаш.


