КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Ролат со мисиркино месо, киноа и спанаќ

All in one рецепт, кој содржи јаглени хидрати, протеини, масти и зеленчук!

 Потребни состојки за тестото:

  • 120 г путер
  • 200 г брашно тип 550
  • 1 јајце (помало)

Подготовка

Исечкајте го путерот на коцкички и изладете го. Потоа измешајте го со брашното, за да се добие смеса како песок (може тоа да го направите и со рака). Додадете го јајцето, замесете тесто, замотајте го во проѕирна фолија и изладете го во фрижидер. Потоа, меѓу 2 листа хартија за печење, развлечете правоаголник со димензија околу 37 х 30 цм.

Потребни состојки за спанаќот:

  • 250 г baby спанаќ
  • сол

Подготовка

Посолете ја водата во која ќе го варите, а потоа ставете го во водата – за да омекне. Веднаш потоа прелијте го со ладна вода, за да се прекине варењето, а спанаќот да ја задржи зелената боја. Оставете убаво да се исцеди.

Потребни состојки за филот:

  • 90 г dmBio киноа
  • 1 dmBio коцка за супа
  • 35 г мелено мисиркино или пилешко месо
  • 1 кромид, ситно сечкан
  • ½ батат, ситно изрендан
  • 2 чешниња лук, ситно сечкани
  • мајчина душица
  • црвен пипер
  • путер
  • 1 белка
  • сол и бибер

Подготовка

Сварете ја киноата според упатствата на кесичката – само во водата во која ќе ја варите, ставете една коцка за супа. Загрејте го путерот, па на него пропржете го кромидот. Кога ќе омекне, додадете го и лукот, а потоа и месото, бататот и зачините. Кога месото малку ќе се излади, додадете ја сварената и изладена киноа и белката – и убаво измешајте.

Останато

  • 50 г презла или сомелени овесни снегулки
  • 1 жолчка
  • 1 лажица млеко
  • За сервирање: Арабијата сос

Загрејте ја рерната на 200 степени. На развлеченото тесто ставете го исцедениот спанаќ и посипете го со презла. Преку спанаќот распоредете го филот од месо и киноа.

Замотајте во ролат и преместете го во сад за печење обложен со хартија за печење. Жолчката изматете ја со млекото и премачкајте го ролатот. Посипете го со сусам, намалете ја температурата на рерната на 190 степени и печете околу 25-30 минути.

  1. dmBio

    киноа, 500 г

  2. dmBio

    коцка за супа, 6х11 г

  3. dmBio

    црн бибер, 70 г