
Веганска и протеинска „Грчка мусака“
Во сезоната на топли летни денови, најчесто избираме лесни протеински оброци со многу зеленчук. Она што веќе го знаеме е дека протеините не мора секогаш да бидат јајца, риба, месо, сирење - можеме да се свртиме и кон растителни извори.
Потребни состојки за филот:
- dmBio маслиново маслo
- 2 кромида
- 3 чешниња лук
- 1 лута пиперка
- 200 г dmBio димено тофу
- ½ лажиче dmBio цимет
- сол и бибер
- 30 мл dmBio пире од домат
- 400 г dmBio домат во конзерва
На маслиново масло пропржете го кромидот и кога ќе омекне додадете го лукот и лутата пиперка. Сол, бибер и зачинете со цимет. По неколку минути, додадете сечкано димено тофу и пропржете сè заедно. На крајот, истурете ја доматната паста и конзервираните домати - потоа гответе го сосот неколку минути.
Потребни состојки за бешамел сос:
- 350 мл dmBio напиток од индиски орев
- 20 г густин
- 15 г квасец
- сол
- ½ лажиче морско оревче
Во тенџере ставете 300 мл од напитокот - а останатите 50 мл истурете ги во сад, измешајте густин, квасец, сол и морско оревче. Сè убаво измешајте и додадете го остатокот од напитокот во тенџерето. Гответе околу 5 минути на средна температура со постојано мешање додека сосот не се згусне.
Мусака:
- 3 средни модри патлиџани
- 3 лажици dmBio маслиново масло
- сол
- свеж магдонос или босилек
Излупените модри патлиџани исечкајте ги на прстени, посолете ги и премачкајте ги со маслиново масло. Пржете ги од двете страни да добијат боја и да омекнат.
Загрејте ја рерната на 180 степени. Наредете половина од модриот патлиџан во сад за печење (околу 18-20 см во дијаметар). Прелијте го со целото тофу и доматен сос, потоа покријте го со остатокот од модриот патлиџан. Одозгора рамномерно распоредете го бешамелот и печете околу 40 минути, додека бешамелот не порумени. Украсете со магдонос или босилек пред сервирање.