КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Пролетна салата со печени парчиња палента

За 4 порции

Оваа пролетна салата со крцкаво печени парчиња палента е освежителна, неверојатно вкусна, а притоа изгледа и супер. Палентата се готви навистина брзо и лесно.  Пред сервирањето треба само да биде малку потпечена. Шарената салата се вклопува и како главно јадење, но и како предјадење во велигденското мени. 

Печени парчиња палента:

  • 400 г dmBio зачин (вегета)
  • 200 мл напиток од бадем
  • 130 г dmBio палента
  • 40 г пармезан (рендан)
  • Сол, бибер
  • dmBio масло за пржење

Дресинг:

  • 10 лажици dmBio јаболков оцет
  • 8 лажици dmBio маслиново масло
  • 1 лажичка мед
  • Сол, бибер

Дополнитлено:

  • 4 варени јајца
  • 1 пиперка
  • 1 морков
  • 1 краставица
  • 1 млад кромид
  • 8 ротквички
  • 1 рака креша или семки од сончоглед
  • 4 лажици dmBio сончогледово масло
  • салата по желба, на пр. рукола
  1. Зачинот, напитокот од бадем и палентата ставете ги во еден сад. Оставете ги да провријат, подесете на средна топлина и оставете ги да се готват 10-15 минути, додека палентата не биде зготвена.
  2. Додадете го пармезанот и мешајте. По потреба додадете сол или бибер. Смесата префрлете ја во сад обложен со фолија. Оставете ја да се олади.
  3. Измешајте ги сите состојки за дресингот во една чаша и ставете ја на страна.
  4. Измијте ги салатите и зеленчукот. Пресечете ја пиперката на пола, извадете ги семките и исецкајте ја на фини кришки.  Морковот и млакиот кромид исецкајте ги на тенки кришки. Краставицата исечете ја по должина. Јајцата излупете ги и пресечете ги на пола.
  5. Салатата, зеленчукот, семките од сончоглед, јајцата ставете ги во чинија и маринирајте ги со дресингот.
  6. Загрејте тава. Додадете 3-4 лажици масло. Оладената палента исечете ја на во квадратни форми. Испржете ги парчињата од секоја страна по неколку минути додека не добијат златно-кафена боја.
  7. Топлите парчиња палента распределете ги по салатата. Уживајте веднаш.