Празничен колач со суво овошје
Фантастичен колач инспириран од сувото овошје, кое во комбинација со рум, кафе, цимет и мускатно оревче дава незаборевен вкус!
Потребни состојки:
- 30 г путер на собна температура
- 250 г dmBio кафеав шеќер од шеќерна трска
- 4 јајца
- 360 г брашно тип 550
- ¼ лажичка сол
- 1 лажичка органски dmBio цимет
- ½ лажичка мускатно оревче
- 300 г суво грозје
- 300 г суви смокви
- 200 г dmBio суви урми
- 200 г суви сливи
- 100 г dmBio суво манго
- 100 г индиски ореви
- 150 мл рум
- 30 г сварено dmBio еспресо
Подготовка:
Исечкајте го на ситни парченца сувото овошје, како и индиските ореви. Измешајте го кафето со 120 мл рум и овошјето и оставете го да се маринира, додека ги подготвувате останатите состојки. Доколку се сетите овошјето да го потопите во рум и кафе 12-24 часа порано, ќе биде уште поубаво.
Убаво обложете го калапот со хартија за печење. Во една здела, со миксер изматете го путерот и шеќерот додека не добиете кремаста смеса, а потоа додадете ги јајцата – едно по едно. Кога смесата ќе биде убаво изматена – додадете цимет, мускатно оревче и сол, а потоа и брашно – малку по малку. На крај додадете ги индиските ореви и сувото овошје. Ќе добиете многу густа смеса.
Ставете го тестото во калапот и печете вака:
- Рерната загрејте ја убаво на 180 степени.
- Ставете го калапот во рерна (во средината). Вклучете го вентилаторот (доколку имате), намалете ја температурата на 160 степени и печете 35 минути.
- Потоа намалете ја температурата на 130 степени и оставете го колачот да се исуши уште 1 час (или 1.5 час, доколку сакате да има потврда надворешност)
- После тоа, извадете го колачот од калапот и сушете го уште околу 1 час на 120 степени. Ќе знаете дека е печен кога чачкалицата со која ќе проверите, ќе биде сува.
Кога ќе се испече, извадете го од рерна и вратете го во калапот – па прекријте го со дебела крпа, како поспоро би се изладил и не би се исушил. Неопходно е целосно да се излади пред да го ставите во фрижидер. Колачот може да го чувате во затворен сад на ладно, неколку недели.