КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Посни шведски ќофтиња со шампињони

Шведските ќофтиња станаа популарни пред неколку години, и секако се подготвува онаа стандардна верзија со месо. Оваа посна алтернатива со ориз и шампињони е многу интересна!

Потребни состојки за ќофтињата:

  • 200 г басмати ориз
  • 1 среден по големина кромид
  • 300 г шампињони
  • 2-3 лажици dmBio соја сос
  • 2 полни лажици dmBio мелено ленено семе
  • 1 лажица сув магдонос
  • ½ лажичка мускатно оревче
  • 1/3 лажичка бел бибер
  • 1/3 лажичка црн бибер
  • 2 лажици dmBio маслиново масло + за пржење
  • сол
  • 50-60 г лебни трошки

Потребни состојки за сосот:

  • 2 лажици dmBio маслиново масло
  • 2 рамни лажици брашно тип 550
  • 2 лажици dmBio супа од зеленчук во прав
  • 240 г dmBio неутрална павлака за готвење со овес
  • 3 лажици соја сос
  • 1 полна лажица средно лут dmBio сенф
  • 1/3 лажичка бел бибер
  • сол по вкус
  • свеж магдонос
  • за сервирање: dmBio фарфали

Подготовка

Сварете го оризот во солена вода, процедете го остатокот вода и оставете го да се излади. Во 300 мл врела вода растворете го правот за супа од зеленчук. Потопете го лененото семе во 4 лажици вода и оставете го да набабри и да се згусне.

Исечкајте ги кромидот и печурките и гответе ги на маслиново масло, додека кромидот смекне, печурките да добијат малку боја и да испари водата. Кога печурките ќе се изладат, ставете ги во блендер со соја сосот, па блендирајте додека добиете смеса како паштета. Спојте ја пастата од печурки, ленено семе и ориз – и мешајте (во сецко или блендер) додека оризот стане поситен и да добиете хомогена смеса. Ставете ги и преостанатите зачини, па повторно измешајте.

Од оваа смеса направете мали топчиња. Работете со масни раце – иако се лепи, полесно се обликува. Пржете ги ќофтињата на средна температура, на маслиново масло, за однадвор да добијат боја. Ако тавата за пржење е мала, пржете неколку пати, за да не ви се исполни тавата многу. Кога ќофтињата се готови, подгответе го сосот.

Загрејте маслиново масло и пропржете го брашното. Постепено додавајте од супата со зеленчук, со постојано мешање, па гответе неколку минути додека се згусне. Додадете ја павлаката за готвење, соја сос, сол, бибер и сенф. Сосот треба да биде густ, но не премногу – па доколку има потреба, додадете малку вода. Пробајте и додадете зачини доколку треба.

На крајот, ставете ги ќофтињата во сосот, измешајте и ставете магдонос. Сервирајте со тестенини по избор – ние овој пат се одлучивме за фарфали.

  1. dmBio

    супа од зеленчук во прав, 290 г

  2. dmBio

    сенф, 200 мл

  3. dmBio

    ленено семе, 400 г

  4. dmBio

    неутрална павлака за готвење со овес, 200 мл

  5. dmBio

    соја сос, 250 мл

  6. dmBio

    фарфали, 300 г

Крај на листата