
Посни мафини без брашно – со просо и јаболка
Сo почетокот на постите, овој рецепт ќе ви биде многу корисен. Всушност, и да не постите, вреди да го пробате затоа што е многу вкусен! Она што посебно ќе ви се допадне кај овие мафини, освен брзата подготовка – е тоа што големиот дел од намирниците може да ги замените со некои други: кокосовото масло со маслиново масло, сувото грозје со кое било суво овошје, индиските ореви со кои било јаткасти плодови. Погледнете го начинот на подготовка!
Потребни состојки:
- 380 мл сок од јаболка
- 2 средни јаболка
- 250 г dmBio просо
- 170 г суво грозје
- прстофат сол
- 30 мл dmBio кокосово масло + за подмачкување
- 120 г dmBio индиски ореви
- за декорирање: dmBio црно чоколадо
Подготовка
Подмачкајте калап за мафини (за 12 мафини). Иситнете ги со нож сувото овошје и индиските ореви. Излупете ги и крупно изрендајте ги јаболката.
Ставете сок од јаболка во сад за готвење и оставете го да зоврие. Кога ќе зоврие, ставете го просото, јаболката, солта и маслото. Гответе околу 8 минути на средна температура. Пред крај, ставете ги индиските ореви и сувото грозје. Тргнете го садот од шпорет и оставете го 15 минути да се излади (веднаш вклучете ја рерната да се загрее, на 180 степени).
Ќе забележите дека тестото за мафините е малку ретко и нехомогено – но без грижи,тоа не е грешка. Колку поизладено е просото, толку повеќе се ,,поврзува’’.
По 15 минути, поделете ја смесата од просо во калапи за мафини и печете околу 25 минути. Повторно оставете ги да се изладат, пред да ги извадите мафините од калапите. Растопете го црното чоколадо и декорирајте ги мафините, па послужете. Овие мафини може да стојат во фрижидер и неколку дена.