Посни ќофтиња со прилог од киноа и леблебија
Ова изгледа како класичен семеен ручек: Ќофтиња со сос од домати и прилог. Само со мали промени... Наместо компири, има поздрав прилог на киноа и леблебија, а ќофтињата не се од месо - тоа се ќофтиња од зеленчук, од органски соја снегулки и печурки.
Потребни состојки за ќофтиња:
- 90 г dmBio сојни снегулки
- 350 мл супа (од 1 dmBio коцка)
- 1 кромид
- 3 чешниња лук
- 300 г шампињони
- 70 г dmBio индиски ореви
- 2 лажици dmBio индиски ореви
- 2 лажици мелена пиперка
- 5 лажици лебни трошки
- сол и бибер
- dmBio маслиново масло
Подготовка
Потопете ги снегулките од соја во супата, направена од 350 мл вода и 1 dmBio коцка за супа. Сомелете го индискиот орев, извадете го од сецкото и додадете ги печурките. Исечете ги и нив. Кромидот и лукот ситно исечкајте ги. На маслиново масло пропржете го кромидот, а кога ќе омекне додадете ги и сечканите печурки. Пржете ги додека водата целосно не испари. Зачинете (сол, бибер, пиперка) и тргнете го од оган. Исцедете ја сојата, па додадете ја во печурките. Исто така и лебните трошки и индиските ореви. Сè убаво измешајте и формирајте ќофтиња - околу 18 парчиња.
Останати состојки:
- 150 г dmBio киноа
- 380 г супа (1 dmBio коцка)
- 350 г леблебија во тегла
- сол и бибер
- за сервирање: Арабијата сос
Убаво измијте 150 гр киноа, па во садот за готвење истурете 380 мл вода и додадете 1 коцка за супа. Варете додека киноата е речиси готова, а потоа додадете го исцедениот наут. Зачинете со сол, бибер и ким. Ќофтињата валкајте ги во сос Арабијата и послужете ги со прилог киноа и леблебија.