
Посна векна со просо и домат
Потребни состојки:
- 1 dmBio коцка за супа
- 150 г dmBio просо
- 1 поголем кромид, ситно исечкан
- Неколку листа свежа жалфија
- ½ лажичка мајчина душица
- 3 чешниња лук, исечкани
- 1/3 лажичка бибер
- 1/8 лажичка мелено мускатно оревче
- 40 г dmBio доматно пире
- 250 мл кечап
- 1 лажица сув квасец
- Сол
- 60 г dmBio пире од компир и леблебија
- 10 мл dmBio сончогледово масло
Подготовка
Просото сварете го во дупла доза вода која веќе врие, во која има додадено коцка за супа. Ќе бидат доволни 10 минути за да биде готово. Потребно е да омекне и водата да испари, па пред крај доколку има потреба додавајте малку по малку вода, мешајте и смалете ја температурата. Кога ќе се свари, вклучете ја рерната на 180 степени.
Пропржете го на малку масло ситно сечканиот лук и кромид и кога ќе бидат потполно смекнати, исклучете го шпоретот. Додадете ги сите зачини и 2/3 од кечапот. Соединете сè и додадете го просото. Малиот калап за леб обложете го со хартија за печење и ставете ја смесата. Премачкајте го преостанатиот кечап одозгора и печете околу 35-40 минути. Кога ќе биде готово, нека се олади барем 20 минути пред да го исечете. Послужете со dmBio пире од компир и леблебија и свежа салата.