КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
Пита со печурки, леќа и киноа

Пита со печурки, леќа и киноа

Ако мислите дека посните пити се здодевни и имаат малку фил – овој рецепт ќе ви го смени мислењето! Погледнете како да подготвите посна пита со органски dmBio состојки.

Потребни состојки:

  • 500 г кори за пита
  • 100 мл dmBio маслиново масло
  • 1 праз
  • 600 г шампињони
  • 50 г dmBio киноа
  • 3-4 лажици dmBio соја сос
  • 1 полна лажица црвен пипер
  • сол и бибер по желба
  • 1 лажица нутритивен квасец (по желба)
  • 1 лажица мелен вргањ (по желба)
  • малку рузмарин
  • 1 ½  лажичка dmBio прашок за печиво

Подготовка

Исечкајте го ситно празот, а измиените печурки исечкајте ги на мали коцки. Во еден сад за готвење ставете вода и кога ќе зоврие, ставете ја киноата да се свари. По 10 минути, додадете и црвена леќа, па гответе сè заедно уште 12-14 минути, а потоа процедете.

Празот испржете го на малку маслиново масло и кога ќе омекне, додадете му ги печурките. Почекајте да испари водата која ја пуштија печурките и зачинете со горенаведените зачини. На крајот, додадете го миксот од киноа и црвена леќа. Промешајте сè заедно. Пробајте го филот и по потреба коригирајте ги зачините.

Одвојте ги корите од пакувањето на 4 купчиња, а вообичаено има 12 кори – значи, секој ролат ќе има по 3 кори. Измешајте 50 мл маслиново масло со околу 120 мл вода во која ќе додадете ½ лажичка прашок за печиво.

Напрскајте една кора со мешавината од масло и вода. Преку нејзе ставете друга кора, напрскајте ја и неа, а потоа ставете ја и третата и врз неа ставете ¼ од филот. Замотајте ролат и префрлете го во тавата за печење, обложена со хартија за печење. Повторете ја постапката, додека не направите 4 ролата.

Ролатите исечете ги на парчиња. Измешајте го сега останатото масло со околу 150 мл вода и 1 рамна лажичка прашок за печиво, па со ова прелијте ги ролатите. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 50 минути, односно додека горната кора не зарумени.

Оваа пита е полна со фил – нималку сува, а она најважното е што е добра дури и кога е ладна!

  1. dmBio црвена леќа, 500 г

    dmBio

    црвена леќа, 500 г

  2. dmBio киноа, 500 г

    dmBio

    киноа, 500 г

  3. dmBio маслиново масло, 750 мл

    dmBio

    маслиново масло, 750 мл

  4. dmBio соја сос, 250 мл

    dmBio

    соја сос, 250 мл

  5. dmBio прашок за печиво, 4х17 г

    dmBio

    прашок за печиво, 4х17 г

Крај на листата