КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

ПОСЕН КУГЛОФ КОЛАЧ

Посен куглоф

Велигденската трпеза збогатете ја со овој посен куглоф колач, кој е подготвен со dmBio органски состојки! Брзо се подготвува, а има незаменлив вкус!

Потребни состојки:

  • 300 г брашно
  • 50 г кокос
  • 1 пакетче dmBio прашок за печиво
  • 1 пакетче dmBio ванилин шеќер
  • 150 г dmBio каша од јаболка и праска
  • 120 мл масло за јадење
  • 350 мл dmBio напиток од соја
  • 70 г сечкани ореви
  • 70 г суво грозје
  • кора од 1 портокал
  • 80 мл dmBio агаве сируп
  • 3-4 лажици dmBio џем од јагоди

Подготовка:

Во длабок сад промешајте ги брашното, кокосот, прашокот за печиво и ванилиниот шеќер. Додајте ја кашата од јаболка, маслото за јадење и напитокот од соја. Промешајте и додајте ги сечканите ореви.

Оставете го сувото грозје заедно со кората и сокот од портокал да отстојат 10 минути, а потоа додајте ги во смесата. На крајот додајте агаве сируп и промешајте. Смесата префрлете ја во калап за куглоф и печете околу 50 минути во загреана рерна на 180 степени.

Оставете да се излади и сервирајте со органски џем од јагоди. Добар апетит и забавно готвење!

  1. dmBio прашок за печиво, 4x17 г

    dmBio прашок за печиво, 4x17 г

  2. dmBio ванилин шеќер, 4х8 г

    dmBio ванилин шеќер, 4х8 г

  3. dmBio каша од јаболка и праска, 360 г

    dmBio каша од јаболка и праска, 360 г

  4. dmBio напиток од соја, 1 л

    dmBio напиток од соја, 1 л

  5. dmBio агаве сируп, 250 мл

    dmBio агаве сируп, 250 мл

  6. dmBio џем од јагоди, 340 г

    dmBio џем од јагоди, 340 г

Крај на листата