Посен колач со морков

Последната недела од постите нека биде позабавна и побогата со уште еден интересен и вкусен посен десерт - колач со моркови!
Потребни состојки:
- 4 рендани моркови
- 1 тегла dmBio пире од јаболка
- 1 лажичка dmBio цимет
- 1 пакетче dmBio ванилин шеќер
- 1 пакетче dmBio прашок за печиво
- 150 г брашно
- 100 мл dmBio напиток од ориз
- 50 мл масло за јадење
- 50 г кокосово брашно
- 5 лажици dmBio шеќер од шеќерна трска
- dmBio џем од шипинки
Подготовка
Во длабок сад промешајте ги сите состојки заедно и ставете ја смесата во правоаголно тавче 15х25 цм, обложено со хартија за печење и печете во загреана рерна на 180 степени околу 35-40 минути.
Кога колачот ќе се излади премачкајте со dmBio џем од шипинки и наросете со кокос пред сервирање.