КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
Посен бургер со хумус и рукола

Посен бургер со хумус и рукола!

Овој посен бургер има боја и текстура како да е подготвен со месо, но и одличен вкус. Рецептот може да го искористите и за ќофтиња. Од овие состојки, ќе добиете поголема количина на бургери. Доколку подготвувате оброк за 3-4 луѓе, ќе ви биде доволно да подготвите само пола смеса. Погледнете како да ги подготвите!

Потребни состојки:

  • 400 г зготвен интегрален ориз (односно 130 г незготвен)
  • 140 г dmBio соја за шницли
  • ½ л врела вода
  • 4-5 лажици тапиока (густин како замена)
  • 2 лажици dmBio маслиново масло + за пржење
  • 2 лажици кромид во прав
  • чили во прав, по вкус
  • 4 чешниња лук, изрендани (или ½ лажичка лук во прав)
  • 1 лажица димена пиперка
  • 1 лажица нутритивен квасец
  • 2 лажици соја сос
  • 3 лажици исцедено и иситнето dmBio цвекло
  • 1/5 лажичка сол
  • бибер
  • околу 35 г лебни трошки

Подготовка

Прелијте ја сојата со врела вода и оставете ја така 20 минути, додека речиси целата течност не впие. Вишокот добро исцедете го. Ако сојата по натопувањето е покрупна од зрната ориз – добро ќе биде да ја ставите во сецко или во блендер, за да добиете подобра текстура.

Во сецкото или блендерот, додадете го оризот и сите останати состојки, освен лебните трошки. Немојте премногу да блендирате, бидејќи смесата само треба да се иситни, но не и да се сомеле. Префрлете ја во чинија, додадете ги лебните трошки и добро промешајте. Најдобро е тоа да го направите со рака на која ќе ставите еднократна гумена ракавица.

Навлажнете ги рацете и формирајте 6 до 8 плескавици – во зависност од тоа колку сакате. Еден дел можете и да замрзнете, така што формираните плескавици ќе ги наместите со хартија за печење меѓу секоја, ќе ги ставите во пластичен сад со капак и ќе ги ставите во замрзнувач.

Плескавиците не се распаѓаат, но не се толку компактни за да издржат пржење во грил тава. Најдобро е да ги пржите во обично тавче со дебело дно. За пржење може да користите маслиново масло и да ги пржите на средна/висока температура.

Сервирање на посен бургер (за 1 бургер):

  • лепче за бургер
  • 2 лажици карамелизиран кромид
  • малку dmBio маслиново масло
  • 2 лажици хумус
  • малку лута пиперка
  • малку кумин
  • рукола
  • 1 средна кисела краставичка

Лепчето за бургер исечете го на половина, и загрејте го во тавче на кое ќе ставите маслиново масло. Површината на лепчето треба да остане малку крцкава. На двете половини, и горната и долната, намачкајте хумус. Зачинете го хумусот со пиперка и кумин. На долната половина ставете карамелизиран кромид, потоа кисела краставичка која ќе ја исечете на крукчиња, па плескавицата и на крајот руколата. Поклопете го горното лепче со другата половина од лепчето.

  1. dmBio урми, 200 г

    dmBio

    соја за шницли, 150 г

  2. dmBio просо, 1 кг

    dmBio

    цвекло, 340 г

  3. dmBio црно чоколадо, 100 г

    dmBio

    маслиново масло, 750 мл

  4. dmBio кокосово масло, 300 мл

    dmBio

    соја сос, 250 мл

Крај на листата