
Полнети домати со зачинета киноа
Состојките се идентични како оние за полнети пиперки, само што сè е иситнето, па се подготвува без труд и мака. Не е потребно никакво специјално знаење и умеење за да се добие ручек за 2-3 дена, толку вкусен што нема да има потреба да го подгревате!
Потребни состојки:
- 6 големи домати
- 150 г dmBio шарена киноа
- 80 г dmBio индиски ореви
- 1 пакување dmBio колбаси
- 1 шолја свеж босилек + за сервирање
- 125 г baby спанаќ
- 2 чешниња лук, ситно сечкани
- околу 40-50 мл dmBio маслиново масло
- 40 г рендан пармезан
- сол и бибер
- ½ лажичка dmBio италијански зачин
- 2 лажици dmBio намаз со чили пиперка
- балсамико крем
Подготовка
Исечкајте го крупно лукот, а ситно индиските ореви и веган колбасите. Сварете ја киноата во солена вода според упатството на кесичката (околу 20 минути). Загрејте тавче и суво пропржете ги индиските ореви, па ставете ги во чинија.
Во сецко, ставете го лукот, босилекот, пармезанот, маслиновото масло и пола од индиските ореви. Направете песто. Измешајте го пестото со останатите индиски ореви, сварената киноа, намазот со чили пиперка, ситно сечканите колбаси, италијанскиот зачин и ситно исечканиот baby спанаќ. Ставете сол и бибер, по вкус.
Загрејте ја рерната на 180 степени. Исечете ги врвовите на доматите и зачувајте го ,,покривот’’, а со лажица издлабете ги и извадете ги семките. Наполнете ги со киноа, но полнете така што киноата ќе ја втиснете во доматот (значи густо да ги наполните). Ставете ги доматите во сад за печење, покријте им ги врвовите – кои може да ги прицврстите и со чепкалка за заби. Печете околу 35 минути, додека не омекнат и започнат да добиваат боја.
Испечениот и полнет домат декорирајте го со балсамико крем и свеж босилек. Оброкот е добар и кога е топол, и кога е ладен!