КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
Ролована погача со песто

Ролована погача со песто, сланина и моцарела

Највкусниот „солен грев“ е дефинитивно тестото подготвено во италијански стил – затоа што ретко сретнуваме некој што не сака песто, пелат, моцарела, пармезан, сланина, пршута... Токму затоа овде се избрани 3 фаворити: песто, сланина и моцарела.

Потребни состојки за тестото:

  • 20 г свеж квасец
  • 400 г пченично брашно тип 550
  • 120 г интегрално брашно од спелта
  • 300 мл топла вода
  • 1 лажица сол
  • 30 мл dmBio маслиново масло

Растворете го квасецот во вода и оставете го да нарасне. Измешајте го тестото со останатите состојки и оставете го да нарасне 2 часа.

Потребни состојки за погачата:

  • 1,5 тегличка dmBio песто од босилек
  • 150 г тенко сечкана сланина
  • 250 г свежа моцарела
  • интегрален сусам

Подготовка:

Тестото развлечете го со сукало во правоаголник со димензии 50 x 35 цм, па премачкајте го со песто. За ова ќе користите 1 тегла. Исечете 7 ленти широки 5 цм со машина за тесто или нож.

Врз лентите намачкајте ја сечканата и исцедена моцарела, а потоа и сланината.

Свиткајте и ставете во тавче обложено со хартија за печење. Отворете ја втората тегла песто, а потоа намачкајте ги кифличките. Оставете го тестото да нарасне (покриено) околу 30 минути - за тоа време загрејте ја рерната на 200 степени. Пред печење посипете со малку сусам. Намалете ја температурата на 180 степени и печете ја погачата околу 45 минути.

  1. dmBio маслиново масло, 750 мл

    dmBio

    маслиново масло, 750 мл

  2. песто од босилек, 120 г

    dmBio

    песто од босилек, 120 г

Крај на листата