
Плетенки со џем од вишни
Новогодишното готвење нека биде позабавно и оваа празнична сезона подгответе превкусни плетенки со џем од вишни!
Потребни состојки:
- 500 г брашно
- 1 пакетче сув квасец
- 2 лажици шеќер
- 1 кесичка dmBio ванилин шеќер
- 1 лажичка сол
- 80 г растопен путер
- 1 јајце
- 200 мл млако млеко или млака вода
- 1 тегличка dmBio џем од вишни
- dmBio какао
Подготовка
Во длабок сад замесете тесто од брашното, квасецот, солта, шеќерот, ванилата, млекото или водата, јајцето и путерот.
Оставете тестото да отстои околу 60-70 минути на собна температура. Расукајте го тестото на набрашнета работна површина во правоаголна форма. Премачкајте ја целата површина со џем од вишни и поклопете го тестото на половина. Пресечете ленти и секоја лента превиткајте ја неколку пати. Оформената плетенка внимателно оформете ја во топче.
Оформените печива префрлете ги во тавче за мафини, претходно добро премачкано со малку путер.
Печете во загреана рерна на 180 степени околу 25 минути. Сервирајте со шеќер во прав. Послужете ги овие превкусни печива со џем од вишни, со шолја топло dmBio какао.