
Пита со спанаќ
Потребни состојки:
- 150 г брашно од крупник
- 100 г ‘ржано брашно
- 1 dmBio прашок за печиво
- 3 јајца
- 100 мл dmBio сончогледово масло
- 200 мл млеко
- едно пакување baby спанаќ
- 250 г фета сирење
- 25 г dmBio семки од сончоглед
- 25 г dmBio ленено семе
Подготовка
Спанаќот исечкајте rо многу ситно за да изгледа како да сте го блендирале. Исечкајте ја и фетата на мали коцкички – може и да ја изроните, но поубаво е кога се гледаат парчиња сирење во питата.
Во длабок сад, измешајте ги сите суви состојки: двата вида брашно и прашокот за печиво. Во сад за матење, изматете ги јајцата, па додадете масло и млеко. Помешајте ги јајцата со сувите состојки и ќе добиете смеса која е малку погуста од смесата за проја.
Сега додадете го спанаќот, сирењето, лененото семе и семките од сончоглед. Мала количина семки оставете за одозгора.
Ставете ја смесата во сад за печење (може да поставите доколку сакате и хартија за печење), рамномерно распределете го тестото и посипете го со семките. Печете во загреана рерна на 170 степени, околу 45 минути. Кога питата ќе добие златна боја, а чепкалката за заби ќе излезе сува кога ќе боцнете – тогаш е готова.
Истата оваа смеса, секако може и да ја печете во калап за мафини – а питата одлично оди во прилог со класичните прилози: зеленчук, ајвар, млеко или јогурт.