Растурена пита со спелта, спанаќ и сирење
од Маја Петровиќ
1/26/2024

Готово за 50 Мин.
Време за подготовка: 10 Мин.
•
Време за готвење-/печење: 40 Мин.
Појадок
Состојки
за 3 Порции
Растурена пита со спелта, спанаќ и сирење
1 пакување „бејби“ спанаќ (125 г)
250 г фета сирење
150 г спелтино брашно
100 г ‘ржено брашно
1 dmBio прашок за печиво
3 јајца
100 мл dmBio сончогледово масло
200 мл алпско млеко
25 г dmBio сиров сончоглед
25 г dmBio лен
Подготовка
на питата
Чекор
Исечкајте го спанаќот многу ситно за да изгледа речиси како да сте го бланширале. Исто така, исечкајте го фета сирењето на помали коцки или сронете го. Во сад измешајте ги сувите состојки: спелтиното брашно, 'ржаното брашно и прашокот за печиво.
Чекор
Во сад за матење се матат јајцата, па се додаваат маслото и млекото. Сувите состојки измешајте ги со јајцата и ќе добиете тесто малку погусто од тесто за проја. Сега додадете ги спанаќот, сирењето и семките од лен и сончоглед. Оставете малку семки за посипување.
Чекор
Ако сакате, ова тесто можете да го печете во калап за мафини/проја или да користите квадратна тава или керамички сад со димензии околу 20 х20 цм, обложени со хартија за печење на дното. Истурете го тестото на хартијата и рамномерно распоредете го, а потоа посипете со семки. Се пече во веќе загреана рерна на 170 ºС околу 40 минути. Кога питата ќе добие златна боја, а чепкалката ќе излезе сува, тоа значи дека е готова.
Чекор
Првиот древен вид пченица бил „ајнкорн“, потоа дошле „камут“ и „емер“, а потоа спелта. Денешната пченица е развиена многу подоцна, во модерните времиња, па затоа има повеќе глутен, поради што тестото повеќе нараснува. Ваквите рецепти за растурени пити се идеален начин за користење на древните видови пченица, како и на 'рж, бидејќи сите овие житарки спаѓаат во житарки со помалку глутен. Малото нараснување на тестото во овие рецепти не претставува проблем.