КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
Pinakolada panakota
dm-drogeriemarkt

dm дрогерие маркт

Време за читање 2 Мин.

1/4/2024

Пинаколада панакота со бело чоколадо

Панакотата е десерт од италијанско потекло, познат исто онолку колку пицата и тестенините. Токму едноставноста на панакотата, дозволува бесконечно играње со состојките. Погледнете ја оваа верзија и подгответе незаборавно вкусен летен десерт!

Потребни состојки:

  • 250 мл густа неутрална павлака
  • 200 мл dmBio кокосово млеко
  • 50 г рендан кокос
  • 80 г dmBio шеќер од шеќерна трска
  • ванила (или екстракт од ванила)
  • 1 кесичка желатин
  • 100 г бело чоколадо (може и со црвено овошје)
  • ананас (свеж или од конзерва)
  • рибизли

Подготовка

Кокосовото млеко, павлаката, шеќерот и ванилата измешајте ги во сад за готвење и ставете ги на рингла да се загреат. Кога ќе бидат загреани, додадете го кокосот и исечканото бело чоколадо со овошје. Мешајте за шеќерот да не се залепи на дното на садот за готвење и внимавајте течноста да не започне да врие.

Кога сè ќе биде загреано, ставете го желатинот, убаво измешајте и тргнете го садот од рингла. Желатинот убаво ќе се растопи од топлината, но не смее да се готви (особено да не се стави во течност која врие). Малку изладете и ставете во теглички, чаши или силиконски калапи.

Ставете ги во ладилник додека не бидат целосно изладени, за желатинот убаво да се стегне. Исечкајте го ананасот и исчистете ги рибизлите, украсете и уште малку изладете пред сервирање.

  1. dmBio кокосово млеко, 200 мл

    dmBio

    кокосово млеко, 200 мл

  2. dmBio шеќер од шеќерна трска, 500 г

    dmBio

    шеќер од шеќерна трска, 500 г

Крај на листата