
Корејски пикантен тофу бургер
Можеби не очекувате премногу од веге бургер и можеби мислите дека не може да ве воодушеви? Тука сме ние да ве предомислиме! Корејски лут сос, во комбинација со димено тофу и сусам ја менува приказната.
Потребни состојки за сосот:
- 2 лажици мед
- 2 лажици срирача сос или друг лут сос
- 2 лажици вински оцет
- 1/3 лажички лук во прав
Измешајте ги сите состојки и ставете ги во ладилник.
Потребни состојки за тофу плескавиците
- 80 г dmBio овесни снегулки
- 200 г dmBio тофу
- 50 г dmBio сечкани индиски ореви
- 1 сечкан кромид
- 3 сечкани чешниња лук
- 2 лажици срирача сос или друг лут сос
- 1 полна лажица мед
- 1 лажица соја сос
- 1 лажица масло од сусам
- сусам
- масло од сусам за пржење
Подготовка
Прво сомелете ги во сецко или во блендер овесните снегулки. Извадете ги, па сомелете го тофуто, индиските ореви и сите останати состојки. Кога ќе биде готово, спојте ги со овесните снегулки и формирајте 4 плескавици. Ставете сусам во чинија и извалкајте ги плескавиците. Испржете ги на масло од сусам околу 6-7 минути од секоја страна.
Потребни состојки за сервирање:
- 4 лепчиња за бургер
- зелена салата
- веган мајонез
- кисела зелка
На лепчињата ставете мајонез, па зелена салата, потоа плескавиците, прелијте со сос, ставете зелка и послужете.