КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Пица од црвена леќа

од Мартина Трајаноска

2/23/2024

Готово за 35 Мин.

Време за подготовка: 10 Мин.

Време за готвење-/печење: 25 Мин.

Вегетаријанско

Без јајца

Состојки

Пица од црвена леќа

  • 120 г dmBio црвена леќа

  • 200 мл вода за покиснување на леќата

  • 20 г dmBio овесни снегулки

  • 1 кафена лажичка dmBio прашок за пециво

  • 1 кафена лажичка dmBio сол со билки

  • 20 мл dmBio доматен сос

  • 50 г моцарела

  • 30 г печурки

  • ½ кафена лажичка dmBio мешавина од италијански зачини

  • 1 лажица dmBio веган замена за пармезан

  • 20 г dmBio маслинки

  • 100 г свеж спанаќ

  • 30 г dmBio слатка пченка

  • Останати додатоци по избор

Подготовка

на пицата

  1. Чекор

    Покиснете ја леќата со топла вода и оставете ја најмалку 1-2 часа да отстои или преку ноќ

  2. Чекор

    Во блендер додадете ја покиснатата леќа, овесните снегулки, прашокот за печиво, сол и малку од водата , па блендирајте. Ќе добиете густа смеса, која е потребно само да ја префрлите во тава обложена со хартија за печење, со дијаметар од 25 до 30 цм.

  3. Чекор

    Печете 10-15 минути во загреана рерна на 180 ºС.

  4. Чекор

    Испеченото тесто премачкајте го со доматен сос, додадете од италијанската мешавина со зачини, моцарела, печурки, ситно сечкани маслинки, пченка и веган замена за пармезан.Вратете ја пицата во рерна и печете уште 5-10 минути.

  5. Чекор

    Совет: Ако, пак, сте љубител на мексикански и пикантен вкус, наместо доматен сос може да искористите dmBio салса сос.

Потребни производи за подготовка

  1. dmBio црвена леќа, 500 г

    dmBio црвена леќа, 500 г

  2. dmBio овесни снегулки, 500 г

    dmBio овесни снегулки, 500 г

  3. dmBio маслинки, 350 г

    dmBio маслинки, 350 г

  4. dmBio пченка, 340 г

    dmBio пченка, 340 г

  5. dmBio веган замена за пармезан, 80 г

    dmBio веган замена за пармезан, 80 г

  6. dmBio доматен сос, 450 мл

    dmBio доматен сос, 450 мл

  7. dmBio мешавина на италијански зачини, 290 г

  8. dmBio прашок за печиво, 4x17 г