КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
Pecheni krofni

Печени крофни со цимет

Ако вашата идеја за десерт не вклучува желба за пржено тесто во многу масло – ова е одличен рецепт!

Потребни состојки:

  • 210 г брашно тип 405
  • 100 г шеќер од шеќерна трска
  • 5 лажички dmBio прашок за печиво
  • прстофат сол
  • ½ лажичка цимет
  • ½ лажичка мускатно оревче
  • 1 поголемо јајце
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 120 мл млеко
  • 65 г путер

Подготовка

Загрејте ја рерната на 175 степена и намачкајте калап за мафини (или калап за крофни). Може да користите и хартиени корпички.

Во една поголема чинија измешајте ги сите суви состојки: брашно, шеќер, прашок за печиво, сол, цимет и мускатно оревче. Во друга помала чинија изматете ги останатите состојки: јајцето, ванилата, млеко + растопен и изладен путер. Спојте ги овие состојки со сувите – не треба долго да се меша, само додека се соединат. Наполнете ги калапите до ¾ во висина и печете околу 20-25 минути. Изладете неколку минути пред да ги извадите од калапот.

Потребни состојки за украсување:

  • 60 г шеќер од шеќерна трска
  • 2  лажички цимет
  • 70 г путер

Во длабока чинија измешајте го шеќерот и циметот. Во друга чинија стопете го путерот. Потопете ја крофната во путерот, а потоа превртете ја во шеќерот со цимет.

Послужете со dmBio крем од лешник, ако некој помисли дека на путерот и циметот им недостасува чоколаден вкус.

  1. dmBio прашок за печиво 4х17 г

    dmBio

    прашок за печиво 4х17 г

  2. dmBio чоколаден крем со лешник, 400 г

    dmBio

    чоколаден крем со лешник, 400 г

Крај на листата