КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
  1. Макарони со песто босилек и дуках

    Едноставен рецепт и уште поедноставна подготовка.

Крај на листата

Макарони со песто босилек сос 

Кој ден е денеска? Дали и вие се чувствувате малку изгубено во оваа изолација? Поготово кога ќе дојде прашањето - што ќе се руча денеска? Кога ќе ги пробате веќе сите рецепти,  секогаш како најбрза и највкусна опција ни се наоѓаат макароните. Ви го презентираме нашиот фаворит! 

Рецептот е соодветен за две големи порции

  • 100 г лешници 
  • 100 г dmBio индиски ореви 
  • 100 г ореви 
  • 2 големи лажици семе од сенф 
  • 2 големи лажици семе од коријандер 
  • 2 големи лажици сусам 
  • 1 мала лажица буковец 
  • 1 мала лажица црвен пипер во прав
  • 2 големи лашици сол 
  • 1 пакување dmBio макарони 
  • Половина тегла dmBio песто босилек сос

Подготовка: 

  1. Поставете околу 1 л вода во тенџере да се топли, а потоа доставете ги макароните. Оставете да се сварат околу 10 минути, потоа исцедете ги и поставете ги во сад. 
  2. Исецкајте ги лешниците и индиските ореви, а потоа заедно со оревите ставете ги да се печат додека не добијат златно кафена боја. 
  3. Сега додадете ги семињата од сенф, коријандер и сусам, оставете се заедно да се пече околу 10 минути. 
  4. За крај додадете го буковецот, црвениот пипер во прав и солта а потоа тргнете ја целата смеса. 
  5. Готовите макарони измешајте ги со dmBio песто босилек 

Потоа во порциите додадете од готовите лешници и семки, а одозгора како додаток додадете малку дуках зачин.

Уживајте !
 

  1. dmBio песто со босилек, 120 г

    dmBio

    песто со босилек, 120 г

  2. dmBio Индиски ореви, 150 г

    dmBio

    Индиски ореви, 150 г

  3. dmBio Spirelli макарони, 500 г

    dmBio

    Spirelli макарони, 500 г

  4. dmBio органско маслиново масло, 500 мл

    dmBio

    органско маслиново масло, 500 мл

Крај на листата