Американски палачинки со ванила и овошје

Палачинките за појадок се брз и едноставен рецепт кој ќе ве држи сити подолг период од денот. Готовата смеса за палачинки на dmBio од крупник со парчиња чоколадо, е одличен начин како да ја подготвите оваа класика од рецепт за само неколку минути, а воедно и да уживате во комбинација со домашно подготвен ванила сос и малини!
Потребни состојки:
- 1 пакување dmBio смеса за палачинки
- 150 мл млеко
- 2 лажици dmBio маслиново масло
- 1 dmBio пудинг од ванила
- 600 мл млеко
- 2 лажици dmBio сируп од ориз
- свежи малини за декорација
Подготовка
Промешајте ја смесата за палачинки со млекото и маслиновото масло. Гответе ги палачинките на загреано тавче по 1 минута од секоја страна.
Во тавче на оган загрејте го млекото и подгответе го пудингот. Засладете го пудингот со сирупот од ориз. Полејте од топлиот ванила пудинг врз палачинките и декорирајте со свежи или замрзнати малини.


