Овесни проја мафини
од Мартина Трајаноска
2/16/2024

Готово за 40 Мин.
Време за подготовка: 25 Мин.
•
Време за готвење-/печење: 10 Мин.
Вегетаријанско
Состојки
Овесни проја мафини
1 јајце
1 dmBio прашок за печиво
40 мл dmBio маслиново масло
200 мл јогурт
8 лажици dmBio мелени овесни снегулки
8 лажици dmBio палента
1 кафена лажичка dmBio ленено семе
1 кафена лажичка сусам
1 кафена лажичка dmBio семки од сончоглед
1 кафена лажичка dmBio семки од тиква
150 г сирење или урда
100 г свеж спанаќ
50 г dmBio маслинки
½ кафена лажичка сол
Подготовка
на мафините
Чекор
Во длабок сад измешајте го маслиновото масло и јогуртот. Потоа додајте прашокот за печиво, мелени овесни снегулки и палента.
Чекор
Убаво измешајте и додајте го дробеното сирење или урдата, ситно исечканиот спанаќ и маслинките исечени на парчиња. Треба да добиете хомогена, не многу густа смеса.
Чекор
Смесата префрлете ја во модли за мафини. Наросете ги семињата одозгора и ставете ги мафините да се печат, во загреана рерна на 180 степени, околу 25-30 минути.
Чекор
Совет: Најубаво е овесните проја - мафини да се послужат со чаша јогурт.