КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
Korpichki so oves i badem

Овесни корпички со бадеми

Овој десерт не е претерано сладок и преполн е со јаткасти плодови. Доколку сакате посладок вкус, секако при сервирањето може да ставите повеќе јаворов сируп!

Потребни состојки за тестото:

  • 125 г dmBio овесни снегулки
  • 50 мл dmBio кокосово масло
  • ½ лажица dmBio јаворов сируп

Подготовка:

Сомелете ги овесните снегулки додека не станат како брашно и додадете ги останатите две состојки. Направете тесто и поделете го на 8 топчиња. Секое топче развлечете го во калапот за мафини, за да има облик како кора за тарт.

Потребни состојки за филот:

  • 50 г dmBio бадеми
  • 1-2 лажички dmBio прашок за печиво
  • прстофат сол
  • ½ лажица мелено ленено семе
  • ½ лажица dmBio јаворов сируп
  • 1 полна лажица dmBio кокосово масло
  • 2 лажици dmBio напиток од бадем

Подготовка

Лененото семе измешајте го со ½ лажица вода и оставете го 10 минути да отстои. Сомелете ги бадемите. Измешајте ги сите состојки и добиениот фил распоредете го преку корите, кои се во калапот за мафини.

Потребни состојки за топингот:

  • 60 г сечкани бадеми
  • 2-3 лажици dmBio јаворов сируп
  • 1-2 лажички dmBio цимет
  • 1-2 лажички мелен кардамом (или уште цимет)
  • 1 лажица ружина вода (или сок од портокал)

Подготовка

Измешајте ги наведените состојки и распоредете ги преку филот кој е во корпичките.

Печење: Загрејте ја рерната на 180 степена и печете околу 15 минути. Оставете ги корпичките комплетно да се изладат, пред да ги извадите од калапот.

  1. dmBio напиток од бадем, 1 л

    dmBio

    напиток од бадем, 1 л

  2. dmBio прашок за печиво, 4х17 г

    dmBio

    прашок за печиво, 4х17 г

  3. јdmBio аворов сируп, 375 мл

    dmBio

    јаворов сируп, 375 мл

  4. dmBio цимет, 35 г

    dmBio

    цимет, 35 г

  5. dmBio кокосово масло, 300 мл

    dmBio

    кокосово масло, 300 мл

  6. dmBio овесни снегулки, 500 г

    dmBio

    овесни снегулки, 500 г

Крај на листата