
Овесен колач со боровница и банана
Сите во лето сакаме десерт кој е лесен и не е претерано сладок. Овој колач е токму таков! Погледнете кои состојки ви се потребни и како да го подготвите.
Потребни состојки за тестото:
- 180 г dmBio овесни снегулки
- 100 г бадемово брашно
- 110 г сомелени овесни снегулки
- 1 банана
- 70 г dmBio оризов сируп
- 60 мл dmBio кокосово млеко
- 2 лажички dmBio прашок за печиво
Подготовка
Изгмечете ја бананата, па измешајте ги сите состојки за тестото – рачно или со миксер.
Потребни состојки за овошниот фил:
- 400 г боровници
- 60 г dmBio шеќер од шеќерна трска
- 3 лажици сок од лимон
- 20 г чиа семе
- 3 лажици густин
- 70 мл вода
Подготовка
Измешајте ги сите состојки за овошниот фил и отпосле вклучете ја ринглата. Гответе неколку минути за да се згусне. Оставете да се излади.
Потребни состојки за кремастиот фил:
- 340 мл dmBio кокосово млеко
- 150 мл вода
- 40 г густин
- малку куркума
- 30 г шеќер
- екстракт од ванила
Подготовка
Исто како и претходно, ставете ги сите состојки во сад за готвење, измешајте ги и потоа може да ја вклучите ринглата. Гответе на средна температура со постојано мешање, за да не се направат грутки. Оставете само малку да се излади и вклучете ја рерната на 180 степена додека го подготвувате колачот.
Последни чекори:
- dmBio кокосово масло
Загрејте ја рерната на 180 степена, а калапот со големина 18х28 или 20х20 обложете го со хартија за печење и подмачкајте со малку кокосово масло. На дното распоредете 2/3 од тестото и направете кора, а останатиот дел од тестото е потребен за подоцна.
Ставете ги боровниците преку кората, а потоа распоредете го кремот. Останатиот дел од кората во мали парченца ставете го преку кремот, како класичен ,,crumble’’. Печете околу 20-25 минути. Колачот се сече и се служи откако добро ќе се излади во ладилник.