
Power Food: One-Pot со просо, морков и тиквичка
Речиси ниедно јадење не е толку едноставно да се подготви како што се One-Pot рецептите: Сè што вие потребно е едно тенџере во кое ќе ги подготвувате вашите омилени состојки. Наградени ќе бидете со незаборавниот вкус и брзото расчистување. Совршено, зарем не?
Вегани, вегетаријанци или пак сите останати кои сакате оброци со богати хранливи материи, ќе бидете навистина задоволни и среќни со овој Power Food рецепт!
Потребни состојки за две порции:
- 100 г dmBio просо
- ½ лажица dmBio вегета
- 2 лажици dmBio масло за готвење
- 1 тиквичка
- 2 моркова
- 1 црвен (благ) кромид
- 1 чешне лук
- 2 гранчиња босилек
- 1 мала лажичка сол
- 1 мала лажичка бибер
- 200 мл вода
Подготовка
Измијте ја тиквичката, излупете ги морковите, кромидот како и чешнето лук. Потоа исечете сè на мали коцки. Загрејте го маслото во тенџере, и ставете ги исечените тиквички, моркови, кромид како и лукот, на средна топлина додека не добијат светло кафена боја. Додадете го просото и накратко оставете го. Додадете ја вегетата и водата и оставете да зоврие. Покријте го тенџерето и оставете го на тивок оган 5 минути, мешајќи повремено. Тргнете го тенџерето од оган и оставете го 10 минути да отстои. Измијте го босилекот, исецкајте го ситно и измешајте го со просото. За крај додете ја солта и биберот, како одличен додаток за уште поубав вкус додадете парчиња фета сирење.
Време за подготовка: 30 минути.