Њоки од компир во доматен сос со маслинки
од Ана Жонтар Кристанц
1/26/2024

Готово за 60 Мин.
Време за подготовка: 20 Мин.
•
Време за готвење-/печење: 40 Мин.
Главно јадење
Состојки
за 4 Порции
за њоки:
350 г компир-пире
2 јајца
200-250 г пченично брашно тип 405
½ кафена лажичка сол
2 зажици кисела павлака
за сос:
2 чешниња лук
2 кафени лажички dmBio песто сос
350 мл сецкан домат од конзерва
2 лажици dmBio јаворов сируп
½ кафена лажичка сол
1 кафена лажичка црвен пипер
15-20 dmBio маслинки
1-2 полни дланки пармезан
Неколку ливчиња свеж босилек
Подготовка
Њоки од компир во доматен сос со маслинки
Чекор
Во тава ставаме масло, песто-сос, црвен пипер и рендан лук. Кога ќе замирисаат, ги преливаме со сечканиот домат, додаваме сол, јаворов сируп, тавата ја покриваме и готвиме на тивок оган додека ги подготвуваме њоките.
Чекор
Го подготвуваме компир-пирето и му ги додаваме јајцата претходно изматени со жица. Додаваме сол и 200 г брашно. Промешуваме и протресуваме на набрашнета кујнска површина. Додаваме уште околу 30 грама брашно и формираме тесто кое треба да биде многу меко и лепливо на средината. По потреба се додава уште малку брашно, а потоа се дели на 4 дела и секој дел се формира во тенка ролна. Ролната се сече на мали њоки.
Чекор
Њоките ги вариме во солена зовриена вода додека не почнат да пливаат на површината, a потоа ги вадиме со цедалка. Во сосот додаваме сечкани маслинки, босилек и пармезан, ги додаваме њоките и веднаш послужуваме
Чекор
Песто-сосот може да се изостави. Класичниот пармезан може да го замените со dmBio веган замена за пармезан. Јаворовиот сируп може да го замените со нерафиниран шеќер од шеќерна трска.