
Мини dmBio пицички
Ви треба идеја за вкусна закуска за вашата прослава, а сепак тоа да изгледа убаво и истовремено вкусно? Овие мини пицички се одлична идеја!
Потребни состојки:
- 1 кг брашно
- 2 пакетчиња сув квасец
- 3 лажици шеќер
- 2 лажички сол
- 7 лажици масло за јадење
- 700 мл млака вода
- 150 г dmBio гриз
- dmBio доматен сос
- 350 г свежи шампињони
- 1 пакетче dmBio веган пармезан
- 300-400 г рендан кашкавал
- dmBio италијански зачин
- dmBio маслиново масло
- салама и останат фил по желба
Подготовка
Најпрво замесете тесто од брашното, сувиот квасец, шеќерот, солта, маслото за јадење и водата. Тестото ќе биде доста лепливо, па најдобро ќе биде да го мешате со дрвена лажица додека не биде убаво измешано (измесено).
Оставете го на собна температура да нарасне околу 1 час. Со набрашнети раце земете мали делови од тестото и на работна површина врз гриз оформете ги мини пицичките. Секое парче мини пица премачкајте го со доматен сос, додајте свежи шампињони, вегански пармезан, рендан кашкавал и останатиот фил по желба. Зачинете со италијански зачин и печете ги мини пицичките во загреана рерна на 180 степени околу 15-20 минути. Пред сервирање полејте малку маслиново масло и уживајте.