
Медитерански гулаш од лигњи, гамбори и наут
Со овој предлог за главно јадење нема да погрешите, а мирисот и вкусот ќе ве одведат на море - и тоа среде зима. Плус, во прашање е поздрава медитеранска храна, која копнее по убаво вино, што ќе го комбинирате со храната.
Погледнете во продолжение како да го подготвите.
Потребни состојки:
- 20 мл dmBio маслиново масло
- 1 кромид
- 2 парчиња праз (само белиот дел)
- 200 г целер
- 2 dmBio вегански колбаси
- 1 лажица чадена мелена пиперка
- 400 г домат во конзерва
- 200 мл црвено вино
- 250 мл супа направена од 1 dmBio коцка
- 400 г наут од тегла
- 400 г лигњи
- 200 г гамбора
- 1 лажица сок од лимон
- свеж магдонос
- за сервирање: њоки
Подготовка:
Кромидот и целерот, како и лукот ситно исечкајте ги. Исечете го празот на што потенки „полумесечини“. Исцедете ја теглата со наут. Ако сте купиле гамбори со лушпа, излупете ги - исечете ги на половина или третини. Исечете ги лигњите на прстени.
Загрејте го маслиновото масло во поширока и поплитка тава (како за рижото) - потоа пропржете ги кромидот и целерот додека не омекнат. Додадете го лукот и празот и мешајте додека целиот зеленчук целосно не омекне. Додадете го сечканиот колбас и една лажичка чадена пиперка.
Истурете ја конзервата со домати и исплакнете ја внатрешноста на конзервата со вино, а потоа истурете го виното во тенџерето. Гответе на средна топлина за да испари алкохолот. Потоа додадете ја супата и наутот, посолете малку и варете околу 30 минути додека не се свари и згусне сосот.
Кога сосот е готов, додадете ги лигњите и гамборите. Убаво измешајте ги за да бидат целосно во сосот и варете уште 5 минути. На самиот крај на готвењето - прилагодете ги зачините, додадете ситно сечкан магдонос и сок од лимон. Послужете со сварени њоки и послужете веднаш.