КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
Marinirano pileshko

Сочно маринирано пилешко во ореви

Која е тајната на совршено сочно приготвено пилешко месо? Прво пржење, па потоа печење! Погледнете го овој интересен и лесен рецепт и добијте идеја што да подготвите за ручек!

Потребни состојки:

  • 2 лажици dmBio сенф
  • 40 мл dmBio маслиново масло
  • 50 мл бело вино или пилешка супа
  • 3 чешниња лук
  • 1 лажичка мајчина душичка
  • 1 лажичка мед
  • околу 120 г ореви
  • околу 80 г интегрално брашно од спелта
  • 1 лажичка сол
  • бибер

Дополнителни состојки:

  • 500 г пилешко филе
  • dmBio маслиново масло за пржење
  • 3 лажички dmBio сенф
  • 2 лажички мед

Подготовка

Измешајте го сенфот, маслиновото масло, виното/супата, ситно сечканиот лук, медот и мајчината душичка. Ставете ја маринадата во zip lock кеса. Пилешкото исечкајте го на покрупни парчиња и ставете го во маринадата. Идеално е да се маринира во ладилник од 4 до 12 часа, а супер е ако може и цела ноќ да го оставите.

По ова, вклучете ја рерната да се загрее на 170 степена. Измешајте го брашното со оревите, биберот и солта. Секое парче пилешко месо извалкајте го во овој микс со ореви и добро притиснете за оревите убаво да се залепат за месото.

Ставете го маслиновото масло во сад кој ќе може потоа да го ставите и во рерна – па загрејте го маслото на средна температура. Секое парче месо испржете го од двете страни, буквално по една минута – само малку да добие боја и оревите убаво да се залепат. Потоа, садот ставете го во рерна и печете околу 15 минути.

За тоа време, измешајте го преостанатиот сенф и мед. Готовото пилешко сервирајте го со салата или зеленчук по желба – па прелијте со мешавината од мед и сенф.

  1. dmBio сенф, 200 мл

    dmBio

    сенф, 200 мл

  2. dmBio маслиново масло, 750 мл

    dmBio

    маслиново масло, 750 мл

  3. Profissimo zip lock кеси, 20/1

    Profissimo

    zip lock кеси, 20/1

Крај на листата