
Малфати во сос од песто со авокадо
Малфатите се италијански кнедли од рикота и спанаќ. Тие ги содржат сите состојки кои вообичаено би оделе во равиоли, поради што се нарекуваат и „отворени равиоли“. Овој рецепт ја слави природата - со спанаќ и босилек, со одбрани вкусови на италијански сирења, како и здрави масти од маслиново масло и авокадо.
Состојки за кнедли:
- 250 г рикота
- 300 г спанаќ
- 2 јајца
- 130 г брашно
- 100 г пармезан
- прстофат морско оревче
- 1 dmBio лажичка мешавина од италијански зачини
- сол
Потопете го спанаќот во зовриена вода и почекајте да „падне“. Веднаш процедете го и исплакнете со ладна вода за целосно да се излади. Сега доаѓа единствената тајна поради која некому не му успеваат малфатите: рикотата и спанаќот добро треба да се исцедат. А потоа, кога буквално ќе се преполови спанаќот, тогаш исечкајте го поситно.
Исто така добро исцедете ја рикотата. Ако немате газа за да ја исцедите со раце, тогаш ставете ја во цедалка - и веќе знаете: стискајте со рацете додека не помислите дека нема повеќе вода. Измешајте ги спанаќот, рикотата и пармезанот - само малку да се одвои сечканиот спанаќ. Потоа додадете ги останатите состојки и измешајте. Малфатите се мешаат со рака. Сега можете да формирате топчиња. Оставете ги во ладилник додека го подготвувате сосот.
Состојки за сос:
- 1 големо авокадо или 2 помали
- dmBio песто сос
- околу 20 мл dmBio маслиново масло
Откако кнедлите ќе се стврднат во ладилник, се готват со потопување во вода која е добро загреана, но не и зовриена - за да не се распаднат. Се готви како и секоја друга кнедла додека не исплива на површина, а потоа уште неколку минути.
Декорација:
- рукола и лимета