Чоколадни мафини со рум и ореви
Благодарение на избраните, исклучително квалитетни состојки – овие мафини ќе бидат десерт по кој сите ќе ве паметат! Како и кај секој добар специјалитет, подготовката бара повеќе време. Затоа, рецептот е поделен во 5 чекора. Со овие инструкции, полесно ќе ви биде да се организирате.
1 чекор: ОРЕВИ
Потребни состојки:
- 300 г dmBio ореви
- 2 лажици рум
- 1 ванилин шеќер
- 100 г dmBio кафеав шеќер
- ½ лажичка dmBio цимет
- малку сол
Подготовка
Загрејте ја рерната на 170 степена и ставете хартија за печење во помала тава. Во чинија измешајте ги сите состојки (оревите остануваат цели). Печете околу 15 минути – може и еднаш да се промеша додека се пече. Испечените ореви поделете ги на 2 дела. Еден дел треба да се исечка покрупно – а другиот многу ситно. Може да користите и блендер.
Дополнителна опција: Пред сечкањето, издвојте 18-20 цели ореви за декорирање. По сечкањето, од ситно сечканите ореви исто така одземете една полна лажица, исто така за украсување.
2 чекор: ФИЛ
Потребни состојки:
- 4 жолчки
- 30 г густин
- 2 лажици dmBio кафеав шеќер
- 200 мл dmBio јаворов сируп
- 1 лажица вода
- крупно сечканите ореви од првиот чекор
Подготовка
Прво во сад за готвење изматете ги жолчките, вода и густин. На тоа се додава кафеавиот шеќер, јаворовиот сируп и солта. Сега садот за готвење се става на рингла, на средна температура. Се готви неколку минути, со постојано мешање додека смесата не се згусне како крем. Во тој крем се мешаат крупно сечканите испечени ореви. Се прекрива со проѕирна фолија и се остава на собна температура, додека мафините не се готови.
3 чекор: МАФИНИ
Потребни суви состојки:
- 250 г брашно тип 405
- 65 г какао во прав
- 1 лажичка прашок за печиво
- прстофат сол
Потребни влажни состојки:
- 220 г стопено dmBio кокосово масло
- 120 мл рум
- 120 мл јако црно кафе
- 2 поголеми јајца
- 130 г грчки јогурт
- 200 г бел шеќер
Подготовка
Загрејте ја рерната на 175 степена и ставете ги хартиените корпички во калапот за мафини. Одвоено се мешаат сите суви состојки – и одвоено сите влажни состојки. Потоа сувите полека се додаваат во влажните. Со добиеното тесто се полнат корпичките за мафини, околу 0.5 цм под нивото на хартиените корпички. Се печат околу 20-22 минути. Се добиваат 18 мафини. Значи, печете една или повеќе тури – во зависност од бројот на отвори за мафини на вашиот калап (обично 6 или 12). Оставете ги мафините да се изладат.
4 чекор : КРЕМ
Потребни состојки:
- 100 г путер
- 120 г слатка павлака
- 200 г dmBio кафеав шеќер
- 1 ванилин шеќер
Дополнително:
- 130 г путер, омекнат на собна температура
- 350 г шеќер во прав
- ситно сечкани ореви
Подготовка
100 г путер, павлака, ванилиниот и кафеавиот шеќер ги ставате во сад за готвење. Оставете ги да зовријат и гответе кратко – додека шеќерот се стопи. Префрлете во чинија и ставете во ладилник околу 20 минути да се излади.
Пенасто изматете 130 г путер, па кога ќе биде изматен – извадете ја изладената смеса од ладилник и додадете ја во путерот. Потоа додадете го шеќерот во прав, па убаво соединете сè. На крајот додадете ги ситно сечканите ореви. Сè се префрла во шприц за украсување.
5 чекор: Финиширање
Издлабете со нож помала дупка во средината на секој мафин и наполнете ја со фил. Со шприцот за декорирање украсете го секој мафин со кремот и на крајот поросете со сечканите ореви. Сите оставете ги во ладилник добро да се изладат. Послужете ги многу ладни.