
Лосос во кора од бадем и црвен ориз
Овој рецепт, освен што е здрав и посен – погоден е и за оние кои се помалку снаодливи во кујна, затоа што е лесен! Подготовката е едноставна, а состојките се внимателно одбрани.
Потребни состојки за црвениот ориз:
- 100 г басмати ориз
- 1 тегла dmBio цвекло
- 1 среден кромид
- 2 чешниња лук
- ½ лажичка мелен ѓумбир
- ½ лажичка кумин
- ½ лажичка коријандер
- чили по вкус
- сол и бибер
- 2 лажици dmBio маслиново масло
- 1 dmBio коцка за супа
Подготовка на црвениот ориз
Исцедете го цвеклото и иситнете го – најдобро е во сецко или во блендер. Растворете ја коцката во 2 шолји топла вода. Ситно исечкајте го кромидот и пропржете го на маслиново масло за да омекне. Пред крај, додадете му го исечканиот лук и сите зачини – освен сол. Додадете го цвеклото и оризот, па ставајте од супата малку по малку. Немојте веднаш да ја ставате цела вода, за да не остане многу кога ќе биде оризот готов. Пред крај, проверете го вкусот и коригирајте ги зачините. Доколку готвите однапред, поклопете и почекајте да се излади пред да го ставите во ладилник.
Потребни состојки за лососот:
- филета лосос околу 1 кг
- 2 лажици dmBio средно лут сенф
- 2 полни лажици dmBio италијански зачин
- околу 90 г бадеми
- сол
- лимон
Подготовка на лососот
Ставете ги бадемите во блендер или сецко и иситнете ги. Додадете го италијанскиот зачин, па повторно иситнете уште малку. Филетата лосос ставете ја на онаа страна која има кожа, а горната страна посолете ја и премачкајте ја со сенф. Ставете го миксот од бадеми и зачин, па убаво намачкајте врз во лососот, за да се создаде кора.
Префрлете ја рибата на решетка за печење (или во тава обложена со хартија за печење) и печете околу 20 минути во претходно загреана рерна на 180 степена. На крај, малку испрскајте ја кората со сок од лимон и сервирајте со црвениот ориз.