Љубљански гратинирани палачинки со суво грозје и тарагон
од Ана Жонтар Кристанц
3/25/2024
Готово за 80 Мин.
Време за подготовка: 10 Мин.
•
Време за готвење-/печење: 70 Мин.
Појадок
•
Вегетаријанско
Состојки
за 6 Порции
Состојки за палачинки:
20 лажици пченично брашно тип 405
500 мл dmBio напивка од бадем
8 поголеми јајца
5 лажици dmBio сончогледово масло
130 г dmBio ореви
2 кесички dmBio ванилин шеќер
Состојки за фил:
750 г урда
100 г кисела павлака
3 лажици dmBio шеќер од шеќерна треска
2 лажици шумски мед
1 јајце + 1 жолчка
4 лажици dmBio лимонов сок
2-3 лажици сечкан тарагон
1-2 полни дланки суво грозје
Кора од лимон
Состојки за прелив:
500 г кисела павлака
100 г крем-сирење
3 јајца + 1 жолчка
4 лажици шеќер во прав
1 лажица сечкан таргон
2 лажици dmBio лимонов сок
Кора од лимон
Подготовка
на палачинките
Чекор
Состојките за палачинките ги ставаме во поголем сад и ги матиме додека да се сврзат во хомогена смеса. Палачинките ги печеме на намастено тавче и ги ладиме.
Чекор
Урдата, киселата павлака, сувото грозје, сечканиот тарагон, лимоновиот сок, шеќерот, медот и јајцата фино ги матиме додека да добиеме хомоген фил. Филуваме со полна лажица фил врз палачинката, ги виткаме краевите и ја мотаме палачинката. Завитканите палачинки ги редиме во тавче за печење.
Чекор
Состојките за прелив исто така фино ги матиме. Прелеваме врз палачинките и плехот го ставаме во загреана рерна на 170 °C, степени да се печат 50-60 минути.
Чекор
Потоа ја исклучуваме рерната и ја отвораме за палачинките полека да се ладат. Може да се послужат и топли, но подобри се ладни, па затоа може да ги чуваме и во фрижидер.
Чекор
Совет: Ако не најдете тарагон, може да го изоставите. Медот од филот може да се замени и со dmBio сируп од агаве или со dmBio шеќер од шеќерна трска.