КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
ЛИНГВИНИ СО ПЕСТО ОД ИНДИСКИ ОРЕВИ И АВОКАДО

ЛИНГВИНИ СО ПЕСТО ОД ИНДИСКИ ОРЕВИ И АВОКАДО

Не постои ништо поедноставно и поомилено од добра паста, а паста со песто сос е буквално класика. Ако сакате да подготвите навистина посебен оброк – тогаш пробајте го ова песто со индиски ореви и авокадо. Количината е доволна за 3 оброка.

Потребни состојки:

- 300 г dmBio лингвини
- 2 авокада
- 60 г dmBio маслиново масло
- Сок од една поголема лиметa (или 1 помал лимон)
- Неколку гранчиња магдонос
- 1 лажичка црвен пипер
- Малку чили
- Сол и dmBio бибер за вкус
- 1 поголемо чешне лук
- 100 г индиски ореви

Подготовка:

Сварете ги тестенините: Правилото е ,,1.000 г вода/100г тестенини/ 10 г сол’’. Преведено на овој рецепт, користете 3,3 L вода и 33 г сол. Сварената паста процедете ја и вратете ја во садот за готвење.

Додека чекате водата да зоврие и пастата да се свари – подгответе го пестото...Одвојте малку индиски ореви за сервирање, а поголемиот дел ставете го во блендер. Исчистете ги и останатите состојки и ставете ги во блендерот: авокадото, лукот, магдоносот, сокот од лимета, црвениот пипер, чилито, сол и бибер. Добро е состојките претходно да ги исечкате, како би биле сигурни дека пестото ќе биде добро изблендирано на крај.

Кога делумно ќе изблендирате, малку по малку додавајте маслиново масло додека блендерот работи. Во случај да сакате поретко песто, додадете повеќе маслиново масло отколку што пишува во рецептот. На крај, пробајте го и додадете зачини доколку е потребно. Додадете го пестото во тестенините, добро измешајте и сервирајте. Секоја порција декорирајте ја со индиски ореви и магдонос.

  1. dmBio лингвини, 500 г

    dmBio

    лингвини, 500 г

  2. dmBio маслиново масло, 750 мл

    dmBio

    маслиново масло, 750 мл

  3. dmBio кафеав шеќер од шеќерна трска, 500 г

    dmBio

    бибер, 70 г

Крај на листата