
Куглоф со портокали без додаден шеќер
Можеби на почетокот идејата да направите торта од цели, неизлупени портокали ви е необична. Меѓутоа, ако го пробате овој куглоф - ќе добиете сочен, мек и исклучително миризлив десерт.
Погледнете во продолжение како да го подготвите.
Потребни состојки:
- 120 г dmBio суви урми без семка
- 100 г dmBio индиски ореви
- 3 портокали
- 1 морков
- 60 г путер
- 200 мл млеко
- 200 г брашно од спелта
- ½ лажица морско оревче
- 1 лажичка прашок за печиво
- 2 рамни лажици dmBio какао во прав
За украсување:
- dmBio црно чоколадо
- dmBio чоколадни трошки
Подготовка
Измијте ги портокалите и ставете ги да се варат (неизлупени) околу 30 минути. Потопете ги урмите во вода за да се рехидрираат, исто така околу 30 минути (потоа исцедете ги).
Сомелете ги индиските ореви. Растопете го путерот. Добро подмачкајте го калапот за куглоф. Соединете ги сите суви состојки (гриз, прашок за печиво, какао, цимет и морско оревче). Вклучете ја рерната на 190 степени, да се загрее. Сварените портокали исечкајте ги и потоа со кората ставете ги во блендер или сецко. Следно, сомелете ги морковот и урмите (може да бидат заедно со портокалот доколку имате простор во уредот што го користите). Во изблендираната смеса додадете го растопениот путер и млекото. Повторно изблендирајте, додека целосно не се соедини.
Додадете ги сувите состојки и измешајте ги. Кога ќе ја ставите тортата во рерна, намалете ја на 170 степени и печете околу 45 минути.
Оставете да се излади. Растопете околу 70 гр темно чоколадо и прелијте го колачот. Украсете со чоколадни трошки и по желба изрендајте малку кора од портокал.