Кремаста торта со кокос, лешник и чоколадо
Подготвувањето на торта која има 2 различни кори и 3 различни фила, можеби на прв поглед изгледа многу комплицирано. Но, ќе се уверите и ќе се изненадите колку брзо ќе ја подготвите оваа превкусна торта, со неодоливата комбинација на кокос, лешник и чоколадо!
Потребни состојки за кората со какао:
- 2 јајца
- 60 г шеќер во прав
- 20 мл неутрално масло
- 25 г dmBio какао во прав
- 30 г брашно тип 450
- прстофат сол
Подготовка
Загрејте ја рерната на 180 степени, а калапот обложете го со хартија за печење. Посејте какао и брашно, а потоа одвојте ги жолчките и белките. Жолчките изматете ги заедно со маслото и млекото, со помош на вилушка, додека добиете хомогена смеса. Белките матете ги со малку сол, додека делумно се изматени, а потоа додавајте шеќер во прав, малку по малку. Матете додека потолно не се зацврстат – а потоа додадете ги жолчките (намалете ја брзината на миксерот). Брашното и какаото додадете ги на два пати, а ова промешајте го со дрвена лажица или силиконска шпатула. Печете ја оваа кора околу 15 минути.
Потребни состојки за кората од лешник:
- 3 белки
- прстофат сол
- 90 г шеќер во прав
- 50 г dmBio лешници
- 25 г брашно тип 450
Подготовка
Сомелете ги лешниците и измешајте ги со брашното. Загрејте ја рерната на 180 степени, а калапот обложете го со хартија за печење. Белките изматете ги на ист начин, како кај кората со какао. Со силиконска шпатула измешајте ја смесата од лешник и брашно, во белките. Печете околу 14-15 минути, додека кората не стане цврста на допир.
Потребни состојки за филот од кокос:
- 400 г кондензирано млеко
- 180 г рендан кокос
- 40 г dmBio агаве сируп
- 60 мл dmBio кокосово масло
- прстофат сол
Подготовка
Загрејте го кондензираното млеко и ставете го во него кокосовото масло. Кога ќе се стопи, убаво измешајте. Додадете агаве сируп и сол, па тргнете го садот за готвење од шпорет и ставете го кокосовото брашно (ренданиот кокос). Соединете.
Овој фил брзо се зацврстува, па наш совет е да ги испечете двете кори, да ги изладите, да ја отстраните хартијата за печење и да го подготвите калапот во кој ќе ја правите тортата. Кога филот ќе биде готов, веднаш ставете го преку првата кора, додека не се зацврсти убаво.
Потребни состојки за филот со какао:
- 6 жолчки
- 2 цели јајца
- 200 г шеќер во прав
- 1 лажичка ванилин шеќер
- 40 г dmBio какао во прав
- 150 г путер, на собна температура
- 100 г dmBio крем со лешник
Подготовка
Изматете ги јајцата, жолчките, шеќерот, какаото и ванилата со миксер. Згответе го ова на пареа, најдобро во огноотпорна чинија или чинија од нерѓосувачки челик. Мешајте го филот цело време, а кога водата во садот за готвење ќе зоврие, намалете ја температурата. Имате опција филот од жолчки да го готвите во микробранова печка. Готовиот фил изладете го.
Додека се лади, путерот кој беше на собна температура, изматете го со миксер и малку по малку додавајте од кремот со лешник, додека не добиете хомогена смеса. Подоцна, спојте ја оваа смеса со сварениот и изладен крем од жолчки.
Потребни состојки за чоколадниот маскарпоне крем:
- 150 г слатка павлака
- 500 г маскарпоне
- 50 г шеќер во прав
Подготовка
Изматете ја павлаката и спојте ја со шеќерот во прав и маскарпонето.
Потребни состојки за составување на тортата:
- 70 г ситно сечкано dmBio црно чоколадо
Состојките кои ги подготвивте, наредете ги во калапот каде ги печевте корите (само обложете го со проѕирна фолија или уште подобро, со ацетатна фолија). Редоследот е следниот:
- Кора со какао
- Кокос фил
- ¾ чоколаден крем
- 2/3 маскарпоне крем + сечкана чоколада која се става врз овој фил
- Кора со лешници
- Останатиот дел од чоколадниот крем
- Останатиот дел од маскарпоне кремот (служи за украсување)